03 Септември, 2024
0.2517

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

Објавено во: Економија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе го открие името на нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, но веќе се знае дека тоа е компанијата BMZ, која е дојдена во Македонија пред повеќе од една година и за која „Фактор“ тогаш ги објави деталите.

Истовремено оваа инвестиција ја најави и германската стопанска комора во земјата. Најголемиот европски производител за литиум - јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна ги реализира најавите за инвестирање во Македонија со регистрирање на своја компанија во Скопје уште лани во јули.

Тоа значи дека и Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум - јонски батерии, кои економистите во последно време ги нарекуваат „новото злато“. Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари во 2019 година,  покажуваат податоците на World’s top exports. Спорд информациите на „Фактор“, БМЗ Холдинг во Македонија ќе произведува батерии за помали возила, како тротинети и велосипеди.

„Да, веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување нов камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија“, најави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека инвестицијата е приближно од 60 до 65 милиони евра, приближно 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:

„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата, односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува домашниот бруто-производ“.

„Така што, еве, да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Мицкоски: Прво ќе има тендер за трет мобилен оператор

Мицкоски: Прво ќе има тендер за трет мобилен оператор

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат