Има ли владин функционер што ургирал осомничена фирма да добие државна помош, прашува Топлификација
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2019 13:56
Во врска со доделената државна помош на осомничената фирма од Управата за финансиска полиција ТЕ-ТО, акционерите на Топлификација решија јавно да постават неколку прашања до Владата.
„Дали Владата знае дека друштвото ТЕ-ТО, во периодот кога се реализирала инвестицијата, морало да плаќа даночни долгови за ДДВ на граница при увозот на опремата. При увозот на главната опрема за ТЕ-ТО, гасната и парната турбина кои се транспортираа од солунското пристаниште до Скопје со специјален транспорт, мораше да се плати даночен долг од околу 12 милиони евра. Тогаш инвеститорите на ТЕ-ТО, Топлификација и рускиот партнер ги платија сите законски даночни обврски веднаш, со земање на кредити од банки или од сопствени средства. За таа цел Топлификација се задолжи во домашна банка пет милиони евра. Вкупниот даночен долг од 12 милиони беше повратен од државата за една и половина година. Значи, во тој период ТЕ-ТО бил кредитор на државниот буџет“, прашуваат од Топлификација.
Второто прашање е дали Владата го прашала ТЕ-ТО зошто не зема кредит од комерцијални банки да си го плати даночниот долг, кога веќе оствариле добивка од 120 милиони евра и направиле даночен долг кон државата од 12 милиони евра и со тоа што не ги плаќале аконтациите на даноци во 2019 година, го зголемиле даночниот долг на 20 милиони евра без никакви последици по осомничената фирма.
Дали Владата бсе обратила до ОЈО Скопје и до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за да праша во која фаза е истрагата за лажниот стечај на ТЕ-ТО.
Дали Владата, давајќи државна помош на осомничена фирма станала банка кредитор на осомничени фирми.
Дали има функционер во Владата кој посебно ургирал за ова кредитирање на осомничена фирма.
Од Владата за Фактор велат дека формата на државна помош која и е доделена на ТЕ-ТО, а за која веќе пишувавме е одложување на даночниот долг на фирмата кој УЈП. Во моментов и Обвинителството за организиран криминал и корупција води истрага за предметот и е пред носење обвинителска одлука. „Согласно Законот за државна помош Владата донесе одлука за одложување на плаќањето на даночниот долг. Станува збор за единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, допринесува за поголем БДП на државата како и за подобрување на енергетската сигурност. Во интерес на државата е објектот да работи без запирање, велат од Владата за Фактор.
Можеби ќе ве интересира
ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата
Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“
СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило
Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година




