17 Декември, 2025
0.0515

ИМА НАЈАВИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО: Македонските златари се жалат дека работата оди тешко

Објавено во: Економија 15 Јули, 2019 06:49

Добивај вести на Viber

Унца злато до крајот на годинава би можела да чини 2.000 долари, цената се очекува да продолжи да расте, а македонските златари се жалат дека тешко им оди работата.

Пособено оние златари кои работат во внатрешноста се жалат дека народот многу малку купува златен накит, затоа што луѓето се иселуваат, а младите кои се нивни потенцијални купувачи, сѐ помалку ги има во нивните општини.

„Од 2008 година цената на златото се качи многу и оттогаш навистина има стагнација. Грам злато чини 30, 35 или 40 евра, зависно од изработката. Луѓето кога ќе влезат во дуќан, го бираат она што е најевтино“, велат од златарница во Свети Николе.

Блаже Клокановски од Ресен, кој веќе 30 години се занимава со овој бизнис, објаснува дека многу негови колеги веќе ги затвориле дуќаните, и додава дека во Охрид и Струга златарите се во подобра позиција затоа што таму доаѓаат туристи и има наплив на странци.

„Крената е цената на златото, а младите кои треба да трошат заминаа. Се знае дека злато се купува за венчавки, крштевки, кога има некој повод. И гастербајтерите не се она што беа некогаш и тие послабо купуваат. Станува сѐ потешко и потешко за златарите. Видовте што се случи во Преспа со невремето, исто и претходните години имаше град, па мраз, а тоа се луѓето кои треба да трошат. Јас порано не ни сонував дека ќе биде вака за златарската работа“, додава тој.

Друг златар од Кавадарци вели дека потрошувачката е многу слаба и дека граѓаните злато купуваат само кога е тоа неопходно.

„Купуваат прстени, нешто што е најевтино за 50, 60 или 70 евра. Точно е дека златарите затвораат и дека не можат да опстанат затоа што разликата во цената е минимална, а ако имаат скапа кирија, и други давачки, навистина е тешко“, смета кавадарчанецот.

Минатиот месец цената на овој метал достигна 1.422 долари за унца, што е најголемо ниво во последните шест години.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи