18 Декември, 2025
0.0605

ИМА ОПШТИНИ ШТО ГУБАТ И ДО 90 ОТСТО ОД ВОДАТА - огромни се загубите на овој скапоцен ресурс

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Просечно околу 60 отсто од водата за пиење во земјава не е опфатена во водоснабдителите системи, што укажува дека и понатаму голем дел од овој ресурс останува неискористен.

Податоците кои ги објави Регултаорна комисија за енергетика и водни услуги велат дека и понатаму имаме висок дел од водата за пиење која не е опфатена во системите.

-Процентот на неприходувана вода и во 2021 година останува еден од клучните параметри преку кои се оценува успешноста на работата на давателите на водни услуги и истиот се движи помеѓу 14 отсто и 92 проценти, во зависност од давателот на водната услуга – се наведува во извештајот на РКЕ.

Како што е посочено, во согласност со достапните податоци, процентот на неприходувана вода во 2021 година на ниво на Република Македонија изнесува 60,46 проценти.

- Во споредба со претходната година, количеството на вода на влез во системите за водоснабдување бележи намалување од 6,96 отсто, додека процентот на фактурирана вода се зголемува од 38,06 проценти во 2020 година, на 39,54 отсто во 2021 година. Нивото на неприходувана вода кај давателите на водни услуги за 2021 година, во однос на 2020 година, е намалено за 1,48 проценти и претставува подобрување на состојбата со неприходувана вода на територија на целата држава. На ова подобрување влијае и регулирањето на цените на давателите на водни услуги по пат на примена на одредбите пропишани во Методологијата за определување на тарифите за водна услуга – се наведува во извештајот кој го изработи регулаторот.

Од податоците кои ги објавува РКЕ се забележува дека од осумте региони во земјава најголеми загуби има во Североисточниот регион, каде фактурираната вода опфаќа 25,85 проценти од резервите, додека неприходуваните количини достигнуваат 74,15 отсто. Водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување во подрачјата со над 10.000 жители во Североисточниот регион, ја обезбедува еден давател на водна услуга, покривајќи ги делумно или целосно потребите за вода за пиење на општина Куманово. Водната услуга снабдување со вода за пиење во подрачјата со помалку од 10.000 жители во овој регион, ја даваат четири даватели кои ги покриваат делумно или целосно потребите за вода за пиење на општините Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

Уште еден регион со висок процент на неприходувана вода е и Полошкиот регион, каде фактурирана вода достигнува 26,60 отсто, а неприходуваната вода високи 73,40 проценти.

Источниот регион има опфат од фактурирана вода од 31,43 проценти, додека неприходувана вода 68,57 проценти. Во Вардарскиот регион пак фактурирана е 38,61 отсто од водата, додека неприходованата вода достигнува 61,9 проценти.

Во Скопскиот регион опфатот на вода за пиење е поголем, па во фактурирана вода влегува 40,37 проценти од водата, додека неприходувана е 59,63 проценти вода од вкупните расположливи ресурси.

Во Пелагонискиот регион соодносот е 51,16 отсто е фактурирана вода, додека неприходовна вода е 48,84 проценти. Во Југоисточниот регион фактурирана е 48,89 проценти од водата, додека пак 51,11 отсто е неприходувана вода. Во југозападниот регион фактурирана е 42,09 проценти, додека неприходуваната вода опфаќа 57,91 отсто.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште