17 Декември, 2025
0.0467

ИМА УПАТСТВО: Како да се стане џихадист во Ирак и Сирија?

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2014 12:46

Добивај вести на Viber

За да регрутираат колку што е можно повеќе Британци кои сакаат да станат џихадисти, милитантите од екстремната организација Исламска држава на Ирак и Левент им нудат организирано патување до Блискиот Исток со совети како е најдобро да патуваат. Според британските медиуми, екстремистите од Велика Британија кои веќе биле во овие кризни жаришта преку социјалните мрежи ги поттикнуваат и останатите да го направат истото, па дури и им нудат „туристички водич за екстремисти“. Ги советуваат да патуваат со колку е можно помалку багаж и да понесат смартфон за пристап до интернет, но и да ги остават религиските книги дома за да не бидат сомнителни на аеродром. Кога ќе стигнат на целта - се ќе им биде осигурано: и храна и место за престој. Детали од овие совети се појавија во јавност откако британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека ќе биде неопоходна интервенција во Ирак, бидејќи ирачките милитанти „планираат напади и на територијата на Велика Британија“. Исламистите нагласуваат дека се потребни визи за оние кои имаат намера да одат во Сирија преку Турција, даваат совети како да се заменат парите, каков полнач и адаптер да се понесе за мобилниот телефон. Џихадист од Велика Британија, кој се претставува со името Абу Абдула ал-Британи, на интернет страницата Аск.фм отворено дели совети на сите оние кои сакаат воено да се ангажираат на Блискиот Исток. Оваа социјална мрежа е регистрирана во Летонија и има 40 милиони корисници во целиот свет, од кои најголемиот дел се тинејџери.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави