„ИМАМЕ ЕКСПЛОЗИЈА НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД“: Клиничкиот онколог Ристески за „новата епидемија“
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2024 07:38
Поразителни бројки на новозаболени од тешки форми на канцер. Последните податоци од 2022 година, (за 2023 сè уште не се објавени), покажуваат дека има околу 20 милиони нови случаи на рак на глобално ниво, а според Светската здравствена организација, повеќе од 35 милиони нови случаи се предвидуваат до 2050 година.
За онколозите овие податоци се запрепастувачки, особено што станува збор за голем број пациенти кои се далеку под границата на старост.
И Македонија, за жал, не е исклучок од овој негативен тренд. Во разговор за Фактор, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески, посочува дека во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста.
-Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.
Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар.
- Повеќето туморски маркери немаат доволна специфичност и сензитивност за да користат како скриниг тестови за откривање на малигните заболувања. Поради фактот што кај голем дел од пациентите не се јавуваат какви било симптоми за малигно заболување, канцерот, односно болеста се открива кога е веќе во многу поодмината фаза. На пример, канцерот на панкреас не дава никакви симптоми пред болеста да влезе во понапреден статдиум. Одредувањето на концентарацијата на туморските маркери, поради својата недоволна сензитивноост и специфичност, не е доволна за прецизно следење на успехот на примената терапија како самостоен метод, па затоа веќе постојат за одредени тумори, како на пример дојка, колоректален, простата, тумор на бешика, неситноклеточен рак на бели дробови тестови базирани на циркулирачка специфична туморска ДНК. До денес се откриени над 100 различни туморски маркери, но во лабораториската пракса засега се користат околу дваесетина. Искрено се надевам дека за 10-тина години од сега ќе има многу попрецизни методи на откривање на малигните заболувања, особено во насока на циркулирачки специфични туморски метиломи, вели д-р Ристески.
Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето во одреден период од животот ќе развијат некакво малигно заболувања, а податоците покажуваат дека на прво место, односно главен фактор за тоа е генезата. Други добро познати ризик фактори за канцер се и: обезноста, лошата исхрана, хормонскиот дисбаланс, процесите на хронични воспаленија, но и животната средина. Според студија од 2017 година, објавена во списанието Cancer, државите кои имаат најлош квалитет на воздух, вода, почва и отсуство на урбано зеленило, имаат и поголема инциденца на канцер.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ОСМАНИ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО ОД КЛИНИКА: „Здравјето не знае за распоред“

ПО ЦЕНА НА ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА, ФИЛИПЧЕ СЕ НАФАЌА ДА ГИ НАПРАВИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И И СЕ СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ВЛАДАТА: Еве што вели лидерот на СДСМ

„ОСТАВАМ НА СОВЕСТА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО“: Еве што вели адвокатот Туфегџиќ за исказот на Александар

„САШКО, ВАЊА ЈА НЕМА“: Ѓорчевски даде исказ во судот

ТАТКО СЕ ОБИДУВАЛ ДА ГО ИСФРЛИ ОД ДОМА СВОЕТО ПЕТНАЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Обвинителство спроведе постапка

„СЕ ЧУДАМ КАДЕ ЛИ ИСЧЕЗНАА НА ЉУПЧЕТА НИКОЛОВСКИ ТИЕ ФАМОЗНИ 70.000 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ: Членот на ЦО на СДСМ со реакција за изборите во партијата

„КАКО ДА И ЗАПАЛАМ СВЕЌА И ДА Ѝ РЕЧАМ БИДИ ЗАДОВОЛНА?“: Сестрата на смртно прегазената Теодора Ристовска со солзи реагира на пресудата

ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА БИЛА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОД САМИОТ ПОЧЕТОК: Александар Гавриловски бил со 35 проценти изгореници од трет степен, изгореници имал и на дишните патишта

ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН АЛЕКСАНДАР КАРАДАКОСКИ: Тој беше управител во „Пулс“ во Кочани
