25 Ноември, 2024
0.0262

ИМАМЕ ПОМАЛКУ ПАЦИЕНТИ, НО СЕ БОРИМЕ ЗА МНОГУ ПОМЛАДИ ЖИВОТИ: Пред неколку дена примивме 17 годишно девојче, завчера 36 годишна пациентка-Д-р Костов за Фактор

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, која со почетокот на епидемијата на корона вирусот во Македонија стана еден од главните ковид-центри во земјава, моментално се хоспитализирани 50-тина пациенти, но како и во претходниот период, таму се лекуваат оние со најтешка клиничка слика поради компликации од ковид. „Постојано сме во трка со секундите кога спасуваме нечиј живот“, вели во разговор за Фактор, д-р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“.

Вели дека за разлика од претходните бранови на корона вирусот, кога во болницата практично и немаше други одделенија, односно од првиот до последниот кат беа хоспитализирани пациенти болни од ковид, сега во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат околу 50-тина, но д-р. Костов посочува дека сега се борат за животите на многу помлади пациенти.

-Само во текот на оваа 2021 година, која е речиси на изминување, болнички се лекувани 2044 пациенти од кои 70 до 80 проценти се трансфери од други болници. За среќа, можам да кажам дека зад нас е времето кога во текот на само една ноќ имавме и по 5-6 реанимации, кога смртноста од вирусот беше многу поголема, но и ова сега е далеку од крајот. Се израдувавме летото кога ја испративме и последната пациентка, и извесен период немавме ниту еден болен од вирусот. Меѓутоа оваа патологија мислам дека ќе ја третираме болнички и во следните години. Сега некако застрашува фактот што е се поголем бројот на младите пациенти кои се хоспитализираат кај нас и кои навистина имаат многу тешка клиничка слика. Пред неколку дена примивме 17 годишно девојче, завчера 36 годишна пациентка, очекуваме во болницата да биде трансферирана и родилка, исто така во тешка состојба која засега се лекува во некој од другите ковид-центри...Генерално, пациентите кои сега ги примаме се невакцинирани. Ова е трка без точно одреден крај, зошто и сега Одделението за интензивна нега е полно со пациенти со најтешка форма на болеста, вели д-р Костов.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ нагласува дека огромна е и бројката на пациентите кои амбулантски се лекувани поради компликациите на вирусот.

-Од почетокот на јануари направени се 23.000 прегледи, од кои повеќе од 12.000 се први прегледи, а останатите се контроли. Значи медицинскиот кадар на ГОБ „8 Септември“ и амбулантски третира илјадници пациенти болни од вирусот. Ако пак говориме за бројки од почетокот на епидемијата во земјава, кога од средината на март 2020 година почнавме да хоспитализираме пациенти со оваа патологија, тогаш сликата е многу поинаква. Тука се згрижени и болнички третирани 6.500 пациенти, а амбулантски прегледи има 32.000. Тоа што посебно ме радува е дека има точно 10 пациенти кои беа на респиратор и кои се успешно екстубирани и испратени дома во добра здравствена состојба. Имаме дури 250 пациенти кои беа на неинвазивна вентилација, односно дури во третата фаза од болеста кои сто така се испишани и испратени дома во добра здравствена состојба. Во ГОБ „8 Септември“ се лекувани и 230 ковид позитивни пациенти кои се на дијализа, нагласува д-р Костов во нашиот разговор.

ГОБ „8 Септември“ заедно со уште неколку институции од Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ го доби признанието: Послание за хуманост и статуетка со ликот на Мајка Тереза.

Овогодишни добитници на ова признание се и Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Вакциналниот ковид – пункт на Поликлиниката ,,Букурешт”, Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”, ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази Баба и Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик „ЦСИ ЛИНК“.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор