Инцидент во Скопје: Му фрлал бехатон коцки, овој го прегазил
Објавено во: Македонија 01 Март, 2020 14:47
МВР регистрираше инцидент утрово околу 03:40 часот на улива „Анастас Митрев“ во Скопје, до кој дошло поради сообраќајно недоразбирање. Инволвиран фрлал бехатон коцки по такси-возило, а овој при бегството го прегазил.
Поради недоразбирање во сообраќајот, на 37-годишниот таксист Ф.Д. од Скопје му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегле 30-годишниот М.Н и неговиот сопатник 34-годишниот А.Д. двајцата од Скопје, и започнале да фрлаат бехатон коцки по неговиот автомобил.
Притоа, на таксистот Ф.Д. не му преостанало ништо друго освен да се обиде да побегне, но во тие моменти го удрил М.Н., кој потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од МВР соопштуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




