ИНДИСКИОТ ПРЕМИЕР ГО НАРЕКОА „ТЕРОРИСТ“ И „КЛОВН“: Дипломатски конфликт меѓу Малдиви и Индија
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2024
Дипломатски конфликт изби меѓу Индија и Малдивите. Индискиот премиер Нарендра Моди ги посети индиските острови Лакшадвеп за да го промовира туризмот, но тоа наиде на гнев кај жителите на блиските Малдиви, пишува Гардијан.
Посетата некои на Малдивите ја гледаа како обид да ги одвлечат туристите од архипелагот во Индискиот Океан, чија економија зависи од туризмот.
Тројца министри од Малдиви се суспендирани откако на социјалните мрежи дадоа погрдни коментари за Моди, опишувајќи го како „терорист“ и „кловн“. Министерството за надворешни работи на Малдивите соопшти дека коментарите, кои подоцна се избришани, се дадени лично и не ја претставуваат официјалната позиција на владата.
Архипелагот Лакшадвеп се наоѓа веднаш до Малдивите и исто така е украсен со песочни плажи и кристално сини мориња, но досега архипелагот беше недоволно развиен.
Индиското Министерство за надворешни работи го повика претставникот на Малдивите поради навредите, а една од најголемите индиски платформи за патувања ги суспендираше резервациите на летови до островите. Многу луѓе во Индија одлучија да го бојкотираат патувањето на Малдивите како одговор на коментарите и навредите кои поранешниот премиер на Малдивите Мохамед Солих ги осуди како „омраза“.
Најголем број посетители на Малдивите доаѓаат од Индија и Русија. Според Светската банка, туризмот сочинува речиси една третина од економијата на Малдивите. Односите меѓу двете земји се затегнати по изборот на претседател на Малдивите, Мохамед Муицу во септември.
Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.