ИНФИЦИРАН КУМАНОВЕЦ: Луѓето кога дознаа дека сум позитивен реагираа со голема поддршка и емпатија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020 06:57
Не знам од каде сум се инфицирал, природата на мојата професија е таква, со многу голема фреквенција на луѓе, вели кумановецот Дејан кој е заразен со коронавирусот.
Овој човек откако дозна дека е позитивен, ги информирал луѓето кои биле во контакт со него да реагираат и да побараат помош доколку имаат симптоми.
„Што се однесува на симптоми, прво ме болеше грло 3 дена, а на 4-ти ден и глава. Паралелно со тоа 1-2 дена ми беше затнат носот. Од петтиот ден почнав да кашлам суво,(непродуктивно) што трае до сега. До пред 3 дена имав температура, не многу висока, 37,4 , која варираше од време на време. Мене ми е 10-ти ден од тестирање, а 15-ти ден од прв симптом. Се надевам дека брзо ќе престане и кашлицата. Луѓето барем во мојот случај реагираа со голема поддршка и емпатија. Стигнаа многу поракаи за поддршка“, вели кумановецот.
Додава дека пред да се зарази, следел што се случува со коронавирусот, бил информиран за симптомите, мерките за заштита.
„Цело време носев маски, ракавици, користев дезинфициенси. Но, така сакало да биде. Моите дома се во изолација, немаат симптоми, чекаат резултати од тест“, додава тој.
Сега го очекува следното тестирање и резултатот од него.
За фактот дека Куманово има голем број заразени, вели дека не го чуди, затоа што некои мерки многу задоцнија според него.
Како пример го наведе доцното информирање за викенд карантинот, при што луѓето направија невидени гужви пред маркетите.
„Се надевам дека животот ќе се врати во нормала во месец мај, но не зависи од нас“, вели тој.
Куманово има 168 заразени со Ковид 19.
Во државата бројот на заболени надмина 700.
Деновиве родилка од Куманово на возраст од 27 години ја изгуби битката со коронавирусот.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




