17 Декември, 2025
0.0605

Инспекции на Блаце за отстранување на диви таксисти, блокадата продолжува!

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013 13:12

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт упати инспекции на граничниот премин Блаце за отстранување на дивите такстисти кои изминативе два дена ги превезуваат патниците кои пеш ја минуваат границата, неофицијално дознава Фактор. Во моментов единствено е можно границата да се мине пеш, поради блокадите. Проблемот настана откако Косово воведе мерки за забрана на увоз на одредени македонски производи, на што Скопје одговри со давачки од 5 евра по возило и 2 евра по човек за косовските државјани. По ова Косово целосно го забрани увозот на сите македонски производи. Македонија со Косово има трговски суфицит во размената. Според податоците  од 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во постојан пораст. Но веќе во 2012 се забележува пад во трговската размана и извозот на македонските производи на косовскиот пазар. Падот во размената е очигледен и во првите седум месеци до годинава. Минатата година вкупната трговска  размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а само 29 милиони увоз. Годинава досега размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз. Во Косово извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје. Од Косово увезуваме остатоци од челик,  пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки. Вчера на Блаце и денеска продолжува блокадата на граничниот премин од страна на македонските камионџии.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди