Добивај вести на Viber
Интел корпорацијата го откри својот прв десктоп процесор со осум јадра, Intel® Core™ i7-5960X Extreme Edition процесор, досега познат под кодното име “Haswell-E,” кој цели на корисници што го бараат максимумот од своите персонални компјутери.
За ентузијасти, гејмери и креатори на содржини кои ги посакуваат ултимативните перформанси, Интеловиот прв клиент процесор кој поддржува „16 threads“ и нова DDR4 меморија ќе ги создаде едни од најбрзите десктоп системи досега видени. Новиот подобрен Intel® X99 чипсет со робустни „оверклокинг“ можности ќе им дозволи на ентузијастите да ги подесат нивните системи за максимум перформанси.
„Со задоволство ја откриваме следната фаза од нашата ‘реинвенција на десктопот’ што ја зацртавме порано оваа година,” рече Лиса Граф, потпретседател и генерален менаџер на Intel Desktop Client Platform Group. „Оваа фамилија на продукти е целосно насочена кон оние ентузијасти кои ги туркаат нивните системи подалеку од другите, а ние ја нудиме брзината, јадрата, „оверклокингот“ и можностите на платформата кои тие ги бараа од нас.“
На PAX* Интел покажува што овие нови моќни куќишта можат да направат. На штандот на Интел има системи од неколку произведувачи што ја користат оваа нова процесорска фамилија за да прикажат игри како Lucky’s Tale*, Superhot* with the Oculus Rift*, Dark Souls 2* и Titan Fall*. Дополнително, Интел ќе демонстрира играње заедно со стриминг преку Twitch* на систем базиран на новиот Intel Core Extreme Edition процесор. Гејминг корисниците во живо ќе уживаат имајќи висок квалитет, висока дефиниција со осум јадра за беспрекорен гејмплеј.
Интел соработуваше со партнери од индустријата за да ги искористи предностите на оваа нова платформа. Клучни производители на компоненти, мемории, матични плочи и партнери за графика ќе помогнат во растот на овој ентузијастички екосистем.
„Alienware секогаш ги става перформансите како прв приоритет и најчесто во секој систем што ние го развиваме константно бараме најнова технологија што може на нашите клиенти да им овозможи натпреварувачки став,” кажа Френк Азор, генерален менаџер на Alienware*. “Лесна одлука беше да се соработува со Интел за да ги донесе своите нови екстремни процесори со осум јадра на нашиот нов „flagship“ гејминг десктоп, Alienware Area-51. Користејќи ги новите „оверклокинг“ и мониторинг опции во Alienware Command Center 4.0, ние бевме во можност навистина да ги турнеме процесорите до нивните максимални граници и гледаме импресивни „оверклокинг“ можности. Овие нови процесори на Интел се перфектниот избор за гејмери кои ги бараат апсолутно најдобрите перформанси од нивните системи.“
„Исклучително сум возбуден за новата платформа на Интел,“ изјави Келт Ривс, претседател на Falcon Northwest*. „Ова е најголемиот збир на неверојатни нови технологии кои излегуваат заедно што го паметам. Ентузијастите ќе бидат воодушевени од тоа што ќе можат да го направат со DDR4 меморија, 10 SATA 6GB порти, 40 PCI Express линии компјутери со осум јадра.”
„Сега е возбдудливо време за ентузијастите,“ рече Харџит Чана, главен бренд директор на Digital Storm*. Интеловата нова линија на ентузијастички процесори ги рушат „benchmark“ рекордите. Со осумте јадра и новиот X99 чипсет со DDR4 меморија, нашите клиенти сега можат да го прилагодуваат и да го купат ултимативниот персонален компјутер.”
„Новите Intel Core i7 процесори се остварување на сонот на секој компјутерски ентузијаст со 16 threads, поголеми брзини и пониски температури,“ рече Кевин Васиелевски, главен извршен директор и ко-основач на ORIGIN PC*.„Линијата на десктопи на ORIGIN кои рушат рекорди штотуку стана уште побрза.
„Интеловата нова платфома обезбедува максимална процесирачка моќ со осум јадра на несопирлива процесирачка моќ и поддржува DDR4 меморија овозможувајќи им го на екстремните гејмери и ентузијасти точно она што им треба,“ рече Волис Сантос, извршен директор и основач на MAINGEAR*.
Многу од овие нови платформи базирани на Интеловиот X99 чипсет се и „Thunderbolt™ Ready“. Кога ќе се приклучи со Thunderbolt 2 add-in card, се овозможува енормно брза конекција до Вашиот компјутер од 20Gbps. Задачите како едитирање на 4K видео, 3-D изработка и развивање на игри имаат голема корист од Thunderbolt 2. Проверете со Вашиот производител на компјутер за компатибилност.
Три нови единици ќе бидат на располагање следната недела со опсег од шест до осум јадра со цени од 389 долари до 999 долари.