20 Април, 2024
0.0347

Intel го претстави својот нов Xeon процесор

Објавено во: Мои пари 09 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Интел корпорацијата го претстави Intel® Xeon® processor E5-2600/1600 v3 линија на продукти кои се одговор на побарувачката од различни типови на податоци за обработка и рапидно еволвирачките потреби на центрите за податоци. Новите фамилии на процесори вклучуваат низа подобрувања што овозможуваат зголемување на перформансите до три пати во споредба со претходната генерација2, одлична ефикасност во искористувањето на енергијата и подобрена сигурност. За да се овозможи експлозивната побарувачка на софтверски дефинирана инфраструктура (СДИ), процесорите даваат поглед на клучни мерки преку телеметрија со што и се овозможува на инфраструктурата да испорача врвни перформанси, издржливост и прилагодена цена за поседување и користење. Процесорите ќе се користат во сервери, работни станици, инфраструктура за складирање податоци и мрежи, за да напојуваат широка палета на работни задачи како анализирање на податоци, високи перформанси за пресметување, телекомуникации и услуги базирани на клауд, како и „back-end“ процесори за интернетот на нештата (IoT).             “Економијата на дигиталните услуги наметнува нови барања од центрите за податоци, барања за автоматско, динамично и мерливо доставување на услугите,” рече Дајен Брајант, сениор потпретседател и генерален директор на групацијата за Центри за податоци и поврзани системи. “Нашите нови Интел процесори овозможуваат неспоредливи перформанси, ефикасност на енергија и безбедност, како и хардверски ресурси за функционирање на софтверски дефинираната инфраструктура. Со овозможување на ре-архитектура на центарот за податоци, Интел им помага на компаниите за потполно искористување на придобивките од услугите базирани на клауд.“ Овозможување на софтверски дефинирана инфраструктура Софтверски дефинирана инфраструктура (СДИ) е основата на клауд компјутингот. Економијата на дигиталните услуги побарува агилност и опсег што изискува сите ресурси во инфраструктурата да можат да се конфигурираат и програмираат. Овие капацитети, придружени со телеметрија, аналитика и автоматизирана работа, овозможуваат висока оптимизираност на центарот за податоци. Интел продолжува да инвестира во остварување на оваа визија за автоматизирани центри за податоци, а со новата Xeon E5-2600 v3 фамилија на продукти компанијата претстави клучни сензори и телеметрија што дополнително ќе го унапреди СДИ. Intel Xeon processor E5-2600 v3 линијата на продукти содржи нови опции што овозможуваат поголема визибилност во системот од било кога досега. Новата кеш мониторинг опција овозможува оркестрација на алатки на податоците за интелигентно пласирање и ребалансирање на работни задачи што резултира со побрзо завршување на истите. Ова дополнително обезбедува можност за правење на анализа на аномалии во перформансите додека се „натпреваруваат“ за кеш во клаудот. Новите процесори вклучуваат платформски сензори за телеметрија и метрика за CPU, меморија и примена на I/О. Со додавањето на термални сензори за проток на воздух и надворешна температура, значајно се зголемува увидот и контролата за разлика од претходната генерација. Процесорите нудат холистички комплет на сензори и телеметрија, решение за било која оркестрација на СДИ за поблизок увид, менаџмент и контрола на системот за да се постигне максимална системска искористеност и ефикасност на центарот за податоци како и пониски трошоци за користење. Зголемени перформанси и енергетска ефикасност Со до 18 јадра „per socket“ и 45MB „last-level“ кеш, Intel Xeon E5-2600 v3 фамилијата на продукти овозможува до 50 проценти повеќе јадра и кеш во споредба со претходната генерација процесори. Додатно, со екстензијата Intel® Advanced Vector Extensions 2 (Intel AVX2)4 се дуплира ширината на векторските интеџер инструкции на 256 „bits per clock“ циклуси за интеџер сензитивни работни задачи и испорачува до 1.9 пати зголемени перформанси5. Xeon E5-2600 v3 линијата на продукти исто така ја зголемува густината на виртуелизација овозможувајќи поддршка за додатни 70 проценти повеќе „VMs per server“ во споредба со претходната генерација процесори6, што резултира со помали трошоци за работење на центарот за податоци. Ќе се добие до 1.4 пати поголеми перформанси кај меморијата во споредба со претходната генерација 7 со поддршката на следната генерација DDR4 меморија. Intel Advanced Encryption Standard New Instructions (Intel® AES-NI) беа додатно подобрени за да се забрза енкрипцијата и декрипцијата на податоци до 2 пати без намалување на времето за одговор на 8. Процесорите се направени со користење на водечка во индустријата и енергетски ефикасната 22нм, 3-D Tri-Gate технологија, за намалена потрошувачка на енергија и зголемување на перформансите на транзисторите. Новите „по-јадро“ режими на моќност динамично ја регулираат и подесуваат силата во секое процесорско јадро за енергетски поефикасно процесирање на работни содржини. Со комбинирањето на перформанси и напредни функции за ефикасност, Интеловата Xeon processor E5-2600 v3 фамилија на продукти поставува нов светски рекорд за енергетска ефикасност на сервер9 базирана на перформанси на ват. Креирање отворени, флексибилни мрежи со Intel Xeon E5-2600 v3 процесорите Intel Xeon E5-2600 v3 процесорите можат да се поврзат со Intel® Communications Chipset 89xx серија преку Intel® Quick Assist Technology за да се овозможи побрза енкрипција и компресија10 за да се подобри безбедноста долж широк опсег на работни задачи. Доставувачите на интернет услуги и мрежна опрема можат да ја користат оваа платформа за да консолидираат повеќе комуникациски работни задачи во една, стандардизирана и флексибилна архитектура за да се забрза доставувањето на услугата, намалат трошоците и да се создаде конзистентно и безбедно корисничко искуство. Како надополнување, новата Intel® Ethernet Controller XL710 фамилија се обраќа на зголемената побарувачка на компјутерски мрежи со подобри перформанси за виртуелни сервери и мрежи. Флексибилниот 10/40 gigabit Ethernet контролер овозможува двојно повеќе „bandwidth“ додека користи половина помалку енергија од претходната генерација11. Широка поддршка од индустријата Почнувајќи од денес, производителите на системи од целиот свет ќе објават стотици платформи базирани на Intel® Xeon® processor E5 v3 фамилијата процесори. Овие производители на сервери, мрежни и уреди за складирање податоци ги вклучуваат Bull*, Cray*, Cisco*, Dell*, Fujitsu*, Hitachi*, HP*, Huawei*, IBM*, Inspur*, Lenovo*, NEC*, Oracle*, Quanta*, Radisys*, SGI*, Sugon* и Supermicro*, како и многу други. Детали околу цените Intel Xeon processor E5-2600 v3 фамилијата продукти ќе се нуди со 26 различни делови со цени од 213 долари до $2,702 долари во количини од 1,000. Intel Xeon processor E5-1600 работните станици ќе се нудат со шест различни делови со цени од 295 долари до 1,723 долари. Сите детали околу цените можат да се најдат на Intel Newsroom. За повеќе детали околу овие нови Intel Xeon процесори, посетете го online press kit.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга