17 Декември, 2025
0.1690

Интел открива нови развивачки алатки, таблети со технологија од иднината, аналитика, „Wearable“ уреди и персонални компјутери на развивачкиот форум

Објавено во: Свет 12 Септември, 2014 13:37

Добивај вести на Viber

Генералниот извршен директор на Интел корпорацијата Брајан Крзанич ја отвори годишната техничка конференција на Интел со широка палета на компјутерски иницијативи и проекти што го покажуваат брзиот напредок на компанијата во оспособувањето на нови пазарни сегменти каде се е „паметно“ и поврзано. Крзанич и други извршни директори објавија нови хардверски и софтверски развивачки алатки, прегледаа идни технологии на Интел и објавија нови продукти долж неколку технолошки сегменти.

„Со нашето разновидно портфолио и развивачки алатки во клучни растечки сегменти, оперативни системи и фактори на форма, Интел им нуди на развивачите на хардвер и софтвер нови начини за растеж и флексибилност во дизајнот,“ рече Брајан Крзанич, генерален извршен директор на Интел. „Ако е „паметно“ и поврзано, најдобро е со Интел.“

За време на обраќањето на Крзанич на сцената му се придружија неколку извршни директори на Интел, Мајкл Дел, претседател и генерален извршен директор на Dell*, и Грег МекКелви, извршен потпретседател и главен директор за стратегија и маркетинг при Fossil Group*.

Форматот и содржината на техничката конференција беа преработени оваа година за да одговорат на проширениот опсег на инжинери и програмери, нагласувајќи ги напорите на Интел за проширување на технологијата. Агендата и содржините прикажани при претставувањето на технологиите се проширија PCs, мобилни и центри за податоци за да ги вклучат „Internet of Things“ (IoT), „wearables“, како и други нови уреди креирани од т.н „развивачи“ и пронаоѓачи. Повеќе од 4,500 посетители од целиот свет се присутни на форумот.

Вести за развивачките алатки

• Интел објави референтен дизајн за Андроид програм за да им понуди на корисниците висок квалитет и конзистентно искуство базирано на најновиот Андроид* оперативен систем. Интел ќе помогне да се зголеми присутноста кај производители на Андроид таблети со обезбедување на софтверска и инжинерска работа и пристап до Google Mobile Services*, како и поддршка за ажурирања и подобрувања на идните изданија на Андроид.

• Интел го претстави „Analytics“ за „Wearables“ (A-Wear) развивачки програм што ќе го забрза развивањето и ширењето на „wearable“ апликации со интелигенција на база на податоци. Овој развивачки програм вклучува мноштво софтверски компоненти, вклучувајќи алатки и алгоритми од Интел и дата-менаџмент можности од Cloudera* CDH на клауд инфраструктура оптимизирана за Intel® архитектура. Развивачите на овие Интел „wearables“ ќе го A-Wear програмот бесплатно.

Вести за достапноста на производите на Интел

• Интел го објави првиот комерцијално достапен Intel® XMMTM 7260 модем, кој се испорачува во Samsung* Galaxy Alpha смартфонот за Европа и други регионални пазари. Intel XMM 7260 и Intel® XMMTM 7262 модемите ги поддржуваат најбрзите мобилни стандарди со обезбедување на 6 категорија пренос на податоци со брзина до 300 Mbps. Модемите се втора генерација LTE платформи на Интел и овозможуваат високи перформанси како и решенија за енергетска ефикасност за бранот LTE-напредни мрежи и уреди што доаѓа.

• Intel® Edison, компјутер со големина на поштенска марка со вграден „wireless“кој беше претставен на CES, сега се испорачува и едостапен. Платформата е дизајнирана да овозможи рапидна иновација и развивање на продукти од страна на развивачите, претприемниците и дизајнерите на продукти за потрошувачи со упростување на процесот на дизајн, зголемена издржливост и додатна заштеда.

• AT&T* ќе биде ексклузивен провајдер за “My Intelligent Communication Accessory” (MICA) бразлетната дизајнирана од Opening Ceremony, направена од Интел и претставеа минатата недела во Њу Јорк.

Преглед на вести за продукти и иновации

• Мајкл Дел и Крзанич прегледаа нов Dell таблет со капацитети за фотографирање први од овој вид. Новиот Dell Venue 8 7000 Series со Intel® RealSenseTM е најтенкиот таблет во светот и ќе биде достапен за време на празничната сезона. „Intel RealSense snapshot“ е подобрено решение за фотографија што креира висока резолуција и мапа на длабочина што овозможува мерење, ре-фокус и селективни филтри на допир на прстот.

Ќе претстави нови способности и нови начини на користење на таблет, отворајќи креативни хоризонти за развивачите да креираат апликации што можат да го променат начинот на фотографирање и односот со фотографиите на потрошувачите.

• Intel® Wireless Gigabit Docking – целосно безжично искуство што вклучува безжичен „докинг“, безжичен дисплеј и безжично полнење – ова беше демонстрирано на референтен дизајн на Интел базиран на 14нм процесор на Интел од следната генерација.

• Развивачите добија поглед на следната генерација на 14нм Intel® CoreTM процесори за 2015.

• Познатиот физичар Стивен Хокинг се придружи на конференцијата преку видео за да дискутира за технологија за луѓе со посебни потреби и начинот на кој таа овозможува да се докажат технологиите на иднината.

Во однос на видео присуството на Хокинс, Интел премиерно го откри уникатниот „Connected Wheelchair“ проект, доказ за концепт дизајн од Интел како дел Intel Collaborators program. Проектот демонстрираше трансформирање на поврзани машини водени од податоци користејќи го Intel Galileo развивачкиот комплет, базиран на Intel® Quark процесори, и Intel® Gateway решенија за IoT, вклучувајќи Wind River* и McAfee* продукти за безбедност.

IDF преглед

• Развивачите ќе искусат 164 технички сесии со лидери од индустријата и експерти од Интел.

• Бизнис едииците на Интел и повеќе од 180 водечки компании од целиот свет ќе прикажат 700 демонстрации на нивните најнови иноваци и идни технологии на IDF Industry Technology Showcase.

• За време на мега-сесијата за интернетот на нештата(IoT) ова утро, потпретседателот на Интел Даг Дејвис ќе се осврне а безбедносните предизвици и ќе ги опише Интеловите интегрирани хардверски и софтверски решенија за „edge-to-cloud IoT“. Тој ќе открие дека Интел работи со AT&T*, Cisco*, GE* и IBM* за да се креираат комплетни решенија на нивни платформи кои во основата го имаат Интел.

Компаниите ќе ги претстават заедничките продукти што се достапни денес во адиција на идните планови.

• Во мега-сесијата за Intel Edison, „Wearables“ и нови уреди, потпретседателот на Мајк Бел ќе прегледа неколку Intel Edison- прототип единици, вклучувајќи 3-D печатена интерактивна површина. Meridian Audio*, произведувач на аудио компоненти со високи перформансим, исто така ќе се обрати за начинот на кој Интел Едисон помага во напредокот за безжични аудио продукти.

• За време на мега-сесијата ова попладне посветена на развивање на софтвер, потпретседателот на Интел Даг Фишер ќе претстави алатки што ќе им помогнат на развивачите полесно и побрзо креирање на софтвер на повеќе екосистеми. Тој ќе говори за едноставноста со која производителите идобавувачите со која можеле да се направат Windows-* или Android - базирани уреди користејќи ги овие алатки и референтни дизајни на Интел.

• На мега-сесијата посветена на мобилната технологија што се одржува ова попладне, потпретседателот на Интел Херман Еул ќе ги предизвика развивачите со играње улоги во решавањето на најкритичните проблеми во светот и унапредување на општеството во земји во развој преку иновации кај најпроминетната технологија во рацете на луѓето, мобилните уреди. Тој ќе ги нагласи хардверот, софтверот и комуникациските технологии што ќе им дозволат на развивачите да ја остварат оваа можност и да помогнат со тоа што ќе понудат промена, прогрес и иновација.

• За време на мега-сесијата утре наутро посветена на центрите за податоци, Дајен Брајант сениор потпретседател на Интел ќе дискутира за ре-архитектурата на центрите за податоци, водени во голема мера од зголемувањето на економијата кај дигиталните услуги. Оваа сесија ќе вклучи нов поглед на идните силиконски продукти и детали за тоа како Интел ги „крои“ продуктите за индивидуалните клиенти на центри за податоци.

• Во мега-сесијата на тема реинвенцијата и иновацијата во PC, Кирк Скауген сениор потпретседател на Интел ќе дискутира за тоа како развивачите ќе можат да се одговорат на можноста за 600 милиони уреди компјутери стари 4 години или повеќе што би можеле да се заменат со постоечки, нови фактори на форма и искуства на повеќе оперативни системи. Скауген ќе ги ажурира развивачите на ChromeOS* и Intel® Wireless Display со моменталнните достигнувања, како и „Alliance for Wireless Power“, конзорциум за безжично полнење.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави