ИНТЕРВЈУ- ЛИЛЈАНА ПЕЦОВА ИЛИЕСКА: Товарот е на плеќите на жената
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 09:02
Ми пречи сė почестиот наратив „Да сме живи и здрави, што друго можеме“ што праќа порака на помирување и пасивност која седи на столче во кино и гледа како животот ти проаѓа пред очи на филмското платно. Човек треба да биде актер, а не типизирана ролја. Ми пречат и предрасудите, нискостите, омразата, местенките, кревање празна глава во облаци
По вокација е книжевник и автор на книгата „Вивисекција на Македонската народна приказна“, но Лилјана Пецова-Илиеска е жена со повеќе професии. Во моментов работи во „Метаморфозис“, Фондацијата за интернет и општество, како координатор на регионален проект кој вклучува 6 држави во регионот. Зад неа е долгогодишно работно искуство во државна администрација, со 4 години во Дирекцијата за заштита на личните податоци и 10 години во Министерството за внатрешни работи. „Широк дијапазон на работни искуства, но од аспект на безбедноста и приватноста мислам дека ги опфати „двете страни на паричката“, вели за себе си Лилјана. „Некои ми се воодушевуваа на храброста да се менуваат сектори, области, комфорни зони, но желбата за нешто ново беше поголема од стравот. Сметам дека само така може „да растеме“ и да се поставиме себеси пред пазарот на трудот, да видиме до кај сме. Сакам да поместувам и лични граници, да се предизвикувам првенствено, но сакам да поместувам и општествени размислувања во однос на стереотипи, предрасуди и однапред дадени клиширани матрици“, вака за Женски магазин се претстави нашата интересна соговорничка.

Жената не е воопшто ПОЛ(овина), таа е едно ЦЕЛО. Со сите можни и наметнати улоги во општеството товарот е на нејзините плеќи
Целото интервју на Женски Магазин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




