25 Април, 2024
0.0303

ИНТЕРВЈУ ПЕТРИНИН: Со докапитализацијата од пет милиони евра Капитал Банка станува сериозен играч на банкарскиот пазар

Објавено во: Финансии, Интервјуа 06 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во време на памндемија и економска неизвесност, Капитал Банка продолжува да расте и да ја зацврстува капиталната структура. Банката во овој период е во сериозна фаза на докапитализација со околу пет милиони евра, што ќе и овозможи посилен развој, а во блиска иднина се очекува да добие и проширување на лиценцата за работа со странство. Во интервју за Фактор, претседателот на Управниот одбор на Капитал Банка, Цветан Петринин, открива дека зголемувањето и зајакнувањето на капиталната позиција на банката делува превентивно врз потенцијалните ризици, и ќе доведе до зголемена безбедност за штедачите, раст на кредитирањето, а ќе ја зголеми и профитабилноста на Капитал банка. Со Петринин разговаравме и за тоа како оваа банка усепа да ја освои и задржи довербата на клиентите. Нив им се нудат највисоки стандарди, брза и квалитетна услуга, а во градењето на стабилни релации помага и процесот на напредната дигитализација. Како ќе се развива економијата ќе зависи пред се од здравствената криза, која се чини дека не сака брзо да си замине. Сепак, како што вели Петринин, банките во земјава се стабилни и се тука за да ги поддржат стопанските субјекти. Капитал Банка има највисока стапка на адекватност на капиталот, од 24 отсто, а тоа за клиентите значи безбедност и сигурност во секакви ситуации, но и можност финансиски да бидат поддржани во секое време. Во интервјуто прочитајте и за зголемената достапност на банката до клиентите преку отворање на нови експозтури, како и за плановите за следниот период...

Капитал банка, се чини, е во фаза на сериозна докапитализација. Односно, неодамна банката обезбеди еден милион евра во зголемување на капиталот, а деновиве за таа намена се вложени уште два милиони евра. Дали плановите се во јануари во докапитализација да бидат инвестирани уште два милиони евра?

Петринин: Да, можеме да потврдиме дека новата докапитализација од три милиони евра, како и новите два милиони евра на почеток на наредната година се клучни за развојот на банката, кој неминовно и паралено мора да биде проследен со соодветен раст на капиталот. Само со нивна усогласена кохезија може да се планира и предвиди остварување на долгорочните цели. Имајќи ги предвид стратешките цели, Капитал Банка е во процес на зацврстување на капиталната структура, со цел таа да биде ставена во функција на остварување на планираниот раст и долгорочните деловни цели, и главната цел во блиска иднина - проширување на  лиценцата за извршување на банкарски активности и работа со странство, односно соработка со странски правни лица, што всушност е индината на интеграцијата на државата во европските пазари.

Што конкретно ќе значи докапитализација од аспект на конкретната улога на банката, дали тоа ќе донесе поголема безбедност и сигурност за депонентите, но и позначајно кредитирање на клиентите?

Петринин: Капиталот претставува основа и можност за раст на банките и истиот делува како регулатор во креирањето на долгорочните цели на работењето. Зголемувањето и зајакнувањето на капиталот овозможува од една страна успешно ублажување на последиците од потенцијалните ризици на кои се изложени банките во текот на своето работење. Секако, банка која располага со поголем капитал поуспешно ги амортизираевентуалните загуби, без притоа да биде загрозена нејзината солвентност. Всушност, капиталот на банката ja покажува апсорпционата моќ на ризиците од евентуалните загуби кои може да ги покрие банката, а без притоа да ги оштети штедачите и другите доверители.

Од друга страна, пак, дополнителнот капитал е неминовен инпут при креирањето на стратешките цели за преземање на поинтензивни кредитни активности.

Како последна, но сепак значајна придобивка од капиталното зголемување е секако и подобрување на структурата на изворите на финансирање, бидејќи истото нуди можности за намалување на трошоците на финансирање, а со тоа и позитивен ефект на профитабилната позиција на Банката.

Во земјава во моментов има 14 банки, од кои пет се големи. Како се држите во оваа конкурентска битка на банкарскиот пазар и што може една мала банка како Капитал банка да им понуди на сегашните, но и на потенцијалните нови клиенти, за да ја освои и задржи нивната доверба?

Петринин: Секогаш предводени од нашата мисија за понуда на највисок стандард на финансиски услуги на клиентите и поддршка во остварување на нивните зацртани лични и бизнис цели, истовремено градејќи долгорочни релации и взаемна корист, Капитал Банка континуирано го следи развојот и потребата на своите клиенти, при што до особен израз во изминатиот период дојде потребата од дигитализација на деловните процеси.

Наша основна предност е брзината и флексибилноста што успешно го докажуваме изминатиот период, наше основно мото е и останува за иднина да биде брзо и квалитетно услужување на клиентите.

Дигитализацијата е нашата нова реалност. Капитал банка уште пред неколку години воведе иновативни дигитални начини на онлајн кредитирање без физичко присуство на клиентите во банката, а изминатиот период инвестираше во понова верзија на електронско и мобилно банкарство со цел доближување на финансиските услуги кои ги нуди Банката поблиску до своите клиенти. Трендот на интензивирање на процесот на дигитализација на деловните активности само дополнително се вклопи во стратешката определба на Банката, која во претстојниот период го доусовршува дигиталното опслужување на клиентите во останатите сегменти на финансиските услуги .

Ковид пандемијата, и во светов, а и во земјава, се чини дека нема намера да си замине така брзо, и покрај вакцинацијата. Голем број земји повторно одат кон затворања, што секако ќе има влијание и врз економскиот раст. Од друга страна, на пазарот следиме големо поскапување на енергенсите, што ја разгорува инфлацијата. Какви се вашите економски прогнози за оваа и за наредната година, дали заздравувањето ќе биде силно и доволно да се надминат досегашните економски загуби?

Петринин: Согласно проектираната динамика на раст на македонската економија, може да се очекува неутрализирање на негативните економски последици во текот на наредната година. Притоа, носители на позитивниот тренд се очекува да бидат растот на личната потрошувачка и растот на инвестициите. Побавното економско закрепнување секако е во тесна корелација со трендот и движењето на светската здравствена криза односно под негативен ефект од евентуалното успорување на процесот на имунизација, зголемување на бројот на новозаболени и воведување на евентуални нови рестриктивни мерки, што има директен импакт врз ланецот на снабдување, а со тоа и на цените.

Што тоа ќе значи за Капитал банка, има ли банката планови и резервни сценарија за еден многу понеповолен развој на настаните на економски план?

Петринин: Во изминативе две години имавме прилика да бидеме сведоци на настани и случувања каде реалниот сектор се покажа како најчувствителен на негативните последици на неповолното пазарно опкружување. Особено малите и средни компании кои заземаат голем процент во вкупната економска сила на државата, во услови на кризна состојба први се соочуваат со негативните ефекти од неповолната промена на пазарот. Додека пак, показателите за солвентност кај банкарскиот систем се задржаа на стабилно ниво, при што стапката на адекватност на банкарскиот сектор е далеку над законскиот минимум. Во сопствените средства на банките над 90 отсто отпаѓа на редовниот основен капитал, како најквалитетен сегмент. Ако на овој факт се додадат и показателите за ликвидност, кои исто така забележуваат подобрување, неминовна е констатацијата дека поддршката за економското закрепнување и раст на стопанството финансиски ќе произлезе од банкарскиот сектор.

Деловната политика и план се одраз на макроекономското опкружување во кое Банката ја остварува својата деловна активност. Пандемијата со која се соочивме предходниот период беше предизвик кој што ги диктираше условите во кои целокупната економија го реализираше и прилагодуваше своето делување.  Капитал Банка со највисока стапка на адекватност на капиталот од 24 отсто, која и понатаму расте, како клучен предуслов за апсорбција на разумен износ на потенцијална загуба при вршење на финансиските активности, а со тоа заштита на вложените средства на депонентите, овозможува активно вклучување во процесот на закрепнување на стопанските субјекти и населението во фазата на економското закрепнување и понатамошен развој.

Доколку, пак, економијата продолжи да заздравува, колку Капитал банка е подготвена со кредитирање и други банкарски услуги да го поддржи тој раст?

Петринин: Во периодот кој следи Банката ќе продолжи со интензивирање на работата со население, преку воведување на продукти кои ќе бидат нови и единствени на пазарот, со цел зголемување на учеството на пазарот, како во однос на кредити на физички лица, така и во однос на депозити на физички лица. Банката во последниов ковид период отвори седум нови експозитури - во Велес, Штип, Кочани, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Битола, а во наредната 2022 година се планирани уште неколку, со што ќе биде опфатена поголема територија на државата, и со тоа нашите услуги и продукти ќе бидат доближени до поголем број корисници.
Банката и понатаму ќе биде насочена особено кон поддржување на сегментот на микро, мали и средни претпријатија, како најдинамичен сегмент со висока апсорпциона моќ, преку финансиска поддршка на нивното работење каде исто така ке промовираме неколку нови продукти особено во делот на земјоделието.

Дали корона кризата влијаеше на работењето на банката, на кое ниво сега се нефункционалните кредити и како банката успеа да го покрие тој товар?

Петринин: Стратешка определба на Капитал Банка е одржување на високо квалитетна актива преку прудентно управување со кредитниот ризик, процес кој вклучува постојана анализа на кредитното портфолио на банката во поглед на секторската диверзификација и концентрацијата на портфолиото, анализа и оценка на финансиските перформанси на клиентите, следење на редовноста во исполнувањето на обврските и издвојување на задоволително ниво на резервации за пласманите. Како резултат на поставените процеси на делување, Банката одржува над 90 отсто од активата во пониските категории на ризик и не очекува поместувања во тој поглед.

Капитал Банка е дел од малите банки на нашиот пазар, но истото тоа ни ја овозможува и главната предност која веќе погоре ја споменавме, а тоа е нашата брзина, нашата флексибилност за услуга на клиентите, без разлика дали се работи за физичко или правнио лице. Нашиот краен мотив е да бидеме препознатиливи како „личен банкар“ за секој наш клиент. Ова особено станува важно за малите и средни прептијатија, кои најчесто сметаат или може да кажам „така се навикнати“ од претходни искуства, дека „мора да почекаат“, па се случува да се изненадени кога нашата услуга е толку брза, па многу пати коментарите се повеке од позитивни.

Исто така, можеме да се пофалиме со голем успех на делот со наменски кредити, каде имаме речиси 300 клиенти – трговци, чии продукти може да се купат со наш кредит, а услугата е толку брза и професионална, што целокупната постапка од избор на продукт, доаѓање на каса и финално одобрување се нецели 15 минути.

Кога станува збор за бизнисите, каков вид на компании најмногу кредитирате и дали се нудат поволни услови за фирмите?

Петринин: Водени од исполнувањето на нашата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, со понуда на финансиски услуги со највисок квалитет, а со цел исполнување на интересите на банката и деловните партнери, Капитал Банка ќе продолжи со поддршка пред се во процесот на закрепнување на клиентите од негативните последици од корона кризата. Партнерскиот однос со нашите клиенти, однос кој се темели на взамена корист и долгогодишна соработка, очекуваме да резултира со позитивни ефекти на обете страни, пред се со фокус на микро, малите и средни претпријатија. Наредната година и во овој сегмент Банката работи на дигитален продукт без воопшто директен контакт со Банката, за што исто така ќе бидеме први на пазарот.

Какви се Вашите најави за наредниот период, имате ли План за развој?

Петринин: Имајќи ги предвид макроекономските услови предвидени за периодот кој следи, основните претпоставки врз основа на кои е утврден деловниот план на Банката се зголемување на вкупната актива за 11 отсто, најмногу од зголемување на кредитното портфолио со предвиден пораст од 19 отсто кај портфолиото за население и пораст од 15 проценти кај портфолиото за правни лица.

Во делот на изворите на финасирање планирана е промена на структурата на депозитите во насока на диверзификација, при што предвидено е најголемо учество да завземат депозитите на население ( 62 отсто). За таа цел проектирано е зголемување на депозитите на население за 12 проценти, додека, пак, кај депозитите на правни лица планираниот пораст изнесува 17 отсто.

Со цел остварување на планираниот раст, Капитал Банка во 2021 година спроведе процес на зголемување на основниот капитал и зајакнување на структурата на сопствените средства, преку нова емисија на хартии од вредност. Процесот се очекува да биде завршен на почетокот на 2022 година.

Нина Ннеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка