16 Јануари, 2025
0.0294

ИНТЕРВЈУ Славејко Георгиев Диа: Како се градеше CAPITOL RESIDENCE!

Објавено во: Македонија 26 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Да се работи и живее во комплексот CAPITOL RESIDENCE,  значи да ја смените филозофијата на живеење. Ова во интервју за Фактор го вели Славејко Георгиев Диа - Проектен менаџер на комплексот КАПИТОЛ МОЛ И РЕЗИДЕНС. „Во сите фази од изведбата, во ниеден момент не се водеше сметка за економскиот дел кога  е во прашање стабилноста и безбедноста на објектот, со цел идните посетители, оние кои таму ќе работат, живеат да добијат квалитет кој ќе опстои повеќе генерации, што е особено важно за оние граѓани кои ќе се решат да купат стан или деловен простор во Капитол Резиденс, вели Георгиев Диа. Имате богата интернационално искуство во проектирањето на објекти од различна намена, а круна на вашата професионална кариера е Капитол Резиденс., како дојде до оваа соработка? Целиот свој работен век го поминав во изведба на проекти од разна намена како во нашата земја исто така и во повеќе земји на блискиот исток, како и во Европа. Сите тие проекти, признанија и завршени дела беа за мене добра препорака да ја добијам честа да бидам ангажиран какоизведувач на објектот: CAPITOL MALL & RESIDENCE. Објект  кој со својата содржина претставува еден исчекор на сите досега понудени архитектонски решенија на еден објект кој спојува трговски дел, стамбен дел, дел за забава и рекреација на млади и дел за паркинг за возила кое во многу придонесува за еден нов квалитет на живеење. Живееме во поднебје  каде сè уште се паметат последиците од катастрофалниот земјотрес, дали ова влијаеше на изведбата на самиот проект. Без оглед на овој историски момент, самиот инвеститор Сити плаза, имаше замислено  изведба на проект каде економскиот интерес ќе биде ставен во втор план. Имено во сите фази од изведбата, во ниеден момент не се водеше сметка за економскиот дел кога  е во прашање стабилноста и безбедноста на објектот, со цел идните посетители, оние кои таму ќе работат, живеат да добијат квалитет кој ќе опстои повеќе генерации, што е особено важно за оние граѓани кои ќе се решат да купат стан или деловен простор во Капитол Резиденс. Особено внимание посветивме на контролата на квалитетот на вградените материјали, каде не дозволивме да бидат направени никакви грешки или импровизации. Поради специфичноста на локацијата и трите подземни нивоа употребувани се матерјали од познати брендови како што е СИКА и од таму е констатацијата дека денес во објектот нема никакви проблеми со подземните води. 10190783534_ea69918210_bСтанува збор за комплекс кој се состои од трговски центар, деловен и станбен дел. Дали на тоа гледате како предност или недостаток?  Голема предност пред сè! Се е во ваша близина, што значи заштеда на време и многу поволности. Да живеете во комплексот CAPITOL RESIDENCE,  значи да ја смените филозофијата на живеење! Секој момент откога ќе влезете во својот стан ви се отвораат нови можности: сакате фитнес , со лифтот дирекно се упатувате во фитнес центарот кој работи во рамки на комплексот. Не сте расположени и сакате да се прошетате или да одите во шопинг, тука ви е трговскиот центар CAPITOL MALL со преку 50 модни брендови. Сте заборавиле да си купите нешто што ви е итно, тука ви е супермаркетот Ramstore. Децата се немирни и сакаат да го ослободат вишокот енергија тука ви се игротеките Kids Park и Poseidon - кои се дел од најголемиот забавен центар во градот КАПИТОЛ ПЛЕЈ. Во рамки на овој центар - доколку сакате да бидете спортски активни, тука ви е и кугланата 4Bowling.  Ви дошле ненајавени гости, секако тука се рестораните кои нудат храна за сечиј вкус. И секако имате уште многу можности кои ви ги нуди овој прекрасен трговски центар  кој во себе има многу различни содржини, а на Вас останува да сето тоа го доживеете и да уживате во модерниот начин на живот. Кратко кажано брзиот живот бара концентрација на сите дејности и функции за живот на едно место. capitol-mall-enterierДел од луѓето кои се интересираат за стан во Капитол Резиденс ве прашуваат дали бучавата во трговскиот се слуша и во домовите. Кој е вашиот одговор? Изолација е беспрекорна, и звучна и топлотна. Материјалите кои се употребувани за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови.  Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови  во сите простории на станбениот дел поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова на секој станар му овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период. Големината на отворите на прозорците ви овозможуваат со нивното отворање во еден момент да го споите вашиот простор од станот со надворешноста и добиете сосема друг поголем и поубав простор. За целосно уживање во просторот во сите временски услови за секој стан е поставен посебен систем на затоплување и ладење со фенкојлер единици во просторот.  Со поставената термо-изолација и самостојниот систем на греење и ладење секој станар максимално може да штеди енергија и притоа  целосно да ужива во просторот. 1385424_10152042531395628_2100156989_nПоставената електро инсталација е изведена според сите врвни стандарди со проиводи од познатите брендови: ПИРЕЛИ, ШНАЈДЕР, БОШ и др. Во секој стан е поставена инсталација со можност да се користат оператори  кои вие сакате да ви даваат услуги и со тоа немате дополнителни кабли низ самиот стан. Инсталацијата за водовод со санитарните уреди исто така е од познати брендови и тоа: сите батерии за топла и ладна вода се од брендот ГРОХЕ ,  казанчињата и wc школките се од производителот ГЕБЕРИТ, целата санитарија и галантерија е од брендот ВИТРА. Во секоја бања има подно греење.  Сите овие елементи вградени во една бања ви нудат квалитет во кој само треба да уживате.      

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено