ИНТЕРВЈУ со Мегапопуларните „Булсечул“ и “Нанта“: Скопје нека се спреми за нешто невидено!
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2015
Од денес па до сабота скопската публика бесплатно ќе има можност да ужива во корејската култура преку традиционална музика и ритми.
Оваа манифестација се организира од Амбасадата на Република Кореја во Бугарија а за неверојатното шоу и интерпретации ќе се погрижат а двете популарните музички групи од Република Кореа, „Bulsechul“ и „Nanta“, кои ќе ги отворат „Деновите на Корејската Култура во Скопје“.
- Ова е првото претставување на корејската култура пред македонскиот народ досега, па мислевме дека најсоодветно ќе биде да одбереме традиционална тема – изјави јужнокорејскиот амбасадор во Бугарија Шин Менг-Хо.
Новинарот на фактор ексклузивно разговараше со претставниците на Булсечул и Нанта кои најавуваат неверојатна забава и нешто невидено досега.
Ансамблот „Bul-se-chul“ е составен од осум музичари кои свират на различни корејски инструменти а од разговорот со нив сами дознајте нешто поевеќе за она што го прават тие.
Фактор: Од каде идејата за името на вашата група?
-Булсечул буквално во превод значи „НЕОБИЧНО“- нешто што ретко се појавува - придавка која не зближи колегите од факултет кои свиревме сите на различен инструмент да создадеме необична група-анасамбл.
Фактор: На кои инструменти свирите?
-Превод на инструментите нема освен на гитарата а покрај неа свириме на kayageum, geomungo, tegeum, piri, hegeum, adzheng, janggu.
Фактор: Од каде добивате инспирација за музиката што ја изведувате:
-Основен мотив на нашата музика секогаш е традиционалната корејска музика која ја интерпретираме во нов и модерен звук.
Фактор: На кои места досега имате настапувано?
-Западна Европа, Париз, Германија, Полска, Америка и во многу азиски земји.
Фактор: Дали слушнавте македонска музика и каков впечаток ви остави?
-Според она што го слушнавме во овој еден ден и краток период можам да кажам дека ми се допадна, иако не знам која е традиционална музика уште не можам да ја разликувам, ми остави убав впечаток , жива е и весела.
Фактор: Што ќе и понудите на македонската публика?
-Оставаме да уживаат во нашата традиционала музика и ги покануваме да дојдат со отворено срце бидејќи им претстои добра забава и невидени перформанси, рече Ким Јонгха претставник на групата.
Мега популарните „Nanta“ – пак најавуваат несекојдневно шоу.
Кујната е нивната позадина, со готвачи како главни ликови. Ножевите и другиот кујнски прибор стануваат музички инструменти во рацете на изведувачите. Тие ја воодушевуваат публиката со своето акробатско кујнско шоу, изненадна свадбена церемонија, и возбудувачки предизвик со корејски специјалитети. „Nanta“ е едно од најпознатите шоуа во Кореја, уште од својата премиерна изведба во октомври 1997, кога на едно место го има собрано најголемиот број на гледачи во историјата на корејскиот театар.
Важно да се напомене за „Nanta“ дека е прво шоу кое настапило на Бродвеј. Низ разговорот со нивните претставниците заклучивме дека дел од шоуто се девет тима со по пет лица кои се менуваат и настапуваат на различни места ширум светот.
Тие во изведабата на својата музика не користат инструменти туку ножеви со кои прават интересна музика. Досега имаат настапено во 51 земја, 289 градови, привлекувајќи странска публика над 2 милиони. За македонската музика рекоа дека допрва ќе ја слушнат бидејќи само што пристигнале во земјава и немале можност но имаат големи очекувања.
На 30ти и 31ви октомври во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи „Корејска Филмска Одисеја“. За време на овие два дена, македонската јавност ќе има можност да погледне некои од најпопуларните корејски филмови: „Ода за татко ми“ (Ode To My Father), „Маскембал“ (The Masquerade), „Монструмот“ (The Host), „Тајно, Величествено“ (Secretly, Greatly), „Кралскиот Кројач“ (The Royal Tailor). Освен „Корејската Филмска Одисеја“ на 30ти и 31ви октомври во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии „Впечатоци од Кореја“. Оваа изложба ќе ни ја долови убавината на корејската традиција, истражувајќи ги модерните пејсажи, вкусовите на корејската кујна и скиците на еден патник.
И.Р.