17 Декември, 2025
0.0481

ИРАК: Екстремистите ја зазедоа некогашната фабрика за хемиско оружје на Садам Хусеин

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2014 12:08

Добивај вести на Viber

Екстремистите од организацијата Исламска држава на Ирак и Левант ја зедоа под своја контрола некогашната фабрика за производство на хемиско оружје од времето на Садам Хусеин. Најжестоки борби и натаму се водат за клучните стратешки капацитети - аеродромот во Тел Афар и нафтената рафинерија во Баиџа. Ирачкиот претседател Нури ал-Малики ги повика офицерите - резервисти за да ги зајакне редовите на војската соочена со офанзивата на сунитските екстремисти. Американскиот претседател Барак Обама, пак, соопшти дека е подготвен да испрати 300 воени советници во Ирак, со цел да и помогне на ирачката Влада да се справи со заканата. Можноста за воздушна интервенција од САД засега е ставена во мирување, со оглед на тоа што главниот град Багдад е безбеден во моментов. Но, ирачкиот премиер Малики не добива позитивни оценки за справувањето со ситуацијата. Франција денеска повика на формирање на влада на единство во Ирак, со или без актуелниот шиитски премиер, за да им се спротивстави на сунитските екстремисти кои напредуваат во офанзивата. Министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус вели дека офанзивата на припадниците на екстремистичката група Исламска држава на Ирак и Левант, претставува „закана без преседан“. „Ова е првпат една терористичка група да се заканува да преземе контрола врз цела држава. Мора да постои влада на национално единство, со или без Нури ал-Малики“, рече тој.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави