17 Декември, 2025
0.0380

ИРАК: Неизбежна е нова војна?

Објавено во: Свет 17 Јуни, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Екстремистите на Ал Каеда се на само околу 60 километри од Багдад, заканувајќи се да го растурат единството на државата. Нова, трета по ред американска интервенција во Ирак, се чини дека ќе биде неизбежна, пишуваат американските медиуми. Најмалку 44 затвореници загинаа кога сунитските екстремисти нападнаа полициска станица североисточно од Багдад и се судрија со припадниците на шиитската полиција, која го бранеше објектот. Информациите за начинот на кој загинале затворениците се контроверзни. Дел од полицајците рекле дека станицата, која всушност била и помал затвор во Бакуба, била цел на напад од екстремистите кои се обиделе да ги ослободат затворениците. Припадниците на шиитската милиција ги убиле затворениците кои се обидувале да избегаат. Наспроти ова, ирачката војска во официјалната верзија тврди дека затворениците биле убиени кога терористите ја гранатирале полициската станица. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун предупреди дека верското насилство во Ирак би можеле до заземе широки размери и да се прошири дури и надвор од границите на таа земја. Светската организација изразува загриженост и за информациите за воени злосторства од страна на џихадистите кои се обидуваат да создадат исламска држава на областите што ги контролираат. Бан Ки-мун ја повика и ирачката влада на премиерот Нури ал-Малики да има поотворен пристап. „Ирачката влада треба да има една држава - и сунитска, и шиитска, и курдска - сите тие треба да се во состојба да живеат заедно“, вели тој.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави