17 Декември, 2025
0.0513

ИРАК: Прстот за проблемите се вперува кон Саудиска Арабија?

Објавено во: Свет 17 Јуни, 2014 21:56

Добивај вести на Viber

Шиитската Влада во Ирак ја обвини соседна Саудиска Арабија дека ги поддржува сунитските радикали кои успеаја да земат под своја контрола голем дел од ирачката територија. Според официјален Багдад, Саудиска Арабија „го промовира геноцидот, така што им дава финансиска и морална поддршка на радикалите одговорни за пролевањето на ирачка крв“. „Сметаме дека тие се одговорни за подрршката на овие групи, финансиски и морално, и за исходот што произлегува од тоа - и кој вклучува дела кои можат да бидат квалификувани као геноцид: пролевање ирачка крв, уништување на ирачките државни институции и историските и религиозните локалитети’, стои во соопштението. Турските медиуми не смеат да известуваат за киднапираните турски државјани во Ирак! Кривичниот суд во Анкара „мотивиран од безбедноста на турските државјани“, им издаде забрана на турските медиуми да известуваат за киднапирањето на 80 турски државјани во севернкиот ирачки град Мосул, кои се наоѓаат во рацете на екстремните џихадисти. Мерката, под закана со казни и забрана за извршување дејност, се однесува на сите медиуми, вклучувајќи ги интернет порталите. Овој настан во Турција предизвика остра полемика за наводни врски меѓу Анкара и најрадикалните бунтовнички групи кои учествуваат во војната против сирискиот претседател Башар ал-Асад, а меѓу кои се наоѓа и групата одговорна за киднапирањето во Ирак. Борците на т.н. Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) минатата недела, во рамките на пошироката офанзива, го зазедоа градот Мосул и во турскиот конзулат зедоа како заложници 49 турски државјани - дипломати, војници, па дури и деца. Истата радикална група зароби и над 30 турски нвозачи на камиони. Владата во Анкара на почетокот на годината ја постави ИСИЛ на списокот терористички организации. Во изминатите неколку дена и турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Тајип Ердоган уверуваа дека се прават „големи напори“ за да се ослободат заложниците, но упатуваа и критики кон ирачките власти заради неуспехот да го заштитат турскиот дипломатски персонал во Мосул.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави