21 Мај, 2024
0.0289

ИСЧИСТЕНА Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО КИСЕЛА ВОДА - се пофалија и Ѓорѓиевски и скопската градоначалничка Арсовска

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Викендов е исчистена една од најголемите депонии во општина Кисела Вода, во близина на цигланата во Драчево.
За оваа акција се офалија и општинските, и градските власти, односно вчера за тоа преку својот фејсбук профил информираше градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, додека, пак, денеска таква објава даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Преку 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад денес беа отстранети од една од најголемите диви депонии во општина Кисела Вода. На местото на дивата депонија во близина на цигланата во Драчево, сега има чиста површина која жителите може да ја користат за прошетка.

Апелирам, оние кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Кисела Вода мора да биде модерна, чиста и зелена општина и во таа мисија нема да има селективност и толеранција“, напиша Ѓорѓиевски.


„Во соработка со општина Кисела Вода е исчистена една од најголемите диви депонии во оваа општина, во близина на цигланата во Драчево, од каде беа отстранети повеќе од 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад.

Скопје ќе биде чист, зелен град без диви депонии, а за секој оној кој ја загадува животната средина и со тоа го загрозува и здравјето на скопјани, ќе биде санкциониран без селективност“, објави градоначалничката Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати