24 Јануари, 2025
0.0274

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Пратениците од редовите на опозициската „Левица“ предлагаат амаднами на Законот за култура кој е пред собраниските пратеници со цел „искоренување на партиските ваботувања“ во културните институции. 

- Културните установи со години се користат како алатка за партиски влијанија, наместо како центри за развој на културата. Ревизорските извештаи откриваат низа нерегуларности: негативни финансиски резултати, исчезнати проектни документации, милионски исплати за недефинирани проекти и други проблеми кои ја загрозуваат суштината на културата - посочуваат од „Левица“. 

Додаваат дека бидејќи измените на Законот за култура се пристигнати во Собранието, од нивниот пратеник од Левица, Реџеп Исмаил - ХАКТАН предложени се амандмани со конкретни решенија за најгорливите проблеми:

- Транспарентни и објективни вработувања

Наместо да се одлучува во партиските штабови, Левица предлага за новите вработувања во културните установи да одлучува комисија составена од директорот на установата, пет вработени со повисок ранг од кандидатите и претставник од репрезентативниот синдикат. Оваа мерка има за цел да го намали партискиот клиентелизам и да обезбеди квалитет при вработувањата.

- Прекин на злоупотребите со надворешни соработници

Со цел рационално користење на буџетот, предлагаме исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари, а често се непотребен товар за установите. Работата што тие ја извршуваат ќе биде распределена на постоечкиот кадар и волонтери, со што ќе овозможи соодветно користење на финансиските ресурси, како и поттикнување на вистинска посветеност кон културата.


- Ограничување на надоместоците за Советот за култура

Предлагаме максималниот износ на надоместок за членовите на Советот за култура да биде ограничен на висината на просечната плата. Оваа мерка ќе го спречи самоволието на Министерот за култура, ќе ја намали злоупотребата на јавните средства и ќе ја елиминира можноста за политички поткуп при изборот на членовите на советодавните тела.

Со овие амандмани, Левица се залага за целосна професионализација на културниот сектор, воспоставување на интегритет на институциите и ставање крај на политичките злоупотреби, се истакнува во соопштението испратено до медиумите. 

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато