Исламистите во Ирак и се „закачија“ на Мишел Обама
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2014 20:42
Исламистите и приврзаниците на сунитската милитантна група, која е дел од Ал-Каеда „Исламска држава на Ирак и Левант“ ги искористиле социјалните мрежи на интернет за да ликуваат за заплената на ирачката воена опрема од американско производство.
Имено, приврзаниците на ИСИЛ на Твитер поставиле фотографија на сопругата на американскиот претседател Барак Обама. Фотографијата на Мишел Обама е преработена во „фотошоп“ и на неа таа држи порака во рацете со текст: „Вратете ни го нашиот хамер“. Притоа била искористена фотографијата од минатиот месец, со која првата дама на САД на Твитер побара ослободување на 276 ученички во Нигерија, киднапирани од милитантната група Боко Харам. На неа, Мишел Обама држеше порака „Вратете ги нашите девојчиња“.Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




