„Исламска држава“ подготвува напади во Европа?
Објавено во: Свет 18 Мај, 2015 13:00
Поддржувачите на „Исламската држава“ споделиле на „Твитер“ фотографии со наводни цели во европските градови, пишуваат британските медиуми.
На едена од позициите има белешка на која пишува на арапски: „# Исламска држава во Рим. Сега гледаме и лоцираме цели. Го чекаме часот на операцијата“.
На друга е фотографирана катедралата во Милано и Експо центар. Неколку возила на полицијата се вклучени намерно на неколку фотографии.
Веќе неколку пати „Исламската држава“ се заканува дека ќе изврши терористички напади во Рим, кој е центар на римокатолицизмот.
Списанието на групата објавило слика, обработена со помош на фотошоп, со црното знаме на „Исламска држава“, лоцирана над плоштадот „Свети Петар“.
Вознемирувачките пораки со слики по социјалните мрежи доаѓаат како позадината на предупредувања од либиското разузнавање дека терористичката организација испраќа екстремисти во Европа заедно со имигранти, кои се обидуваат да го преминат Средоземното Море.
Министерот за информации на Либија изјавил за италијанскиот медиум „ANSA“ дека во следните неколку недели Италија ќе пронајде чамци со сиромашни имигранти од Африка, но меѓу нив ќе има и терористи од „Исламската држава“.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави





