„Исламска држава“ презеде целосна контрола над Палмира
Објавено во: Свет 21 Мај, 2015 13:58
"Исламска држава" презеде целосна контрола над сирискиот град Палмира, вклучувајќи го воениот аеродром и затворот во градот, откако владините сили ги загубија своите позиции во градот, објави агенцијата "Ројтерс", повикувајќи се на изјава на исламистите во социјалната мрежа „Twitter“.
Во повлекувањето армијата оставила "голем дел од жртвите", чии трупови се акумулирани на централниот плоштад во градот, објавија уште џихадистите.
„Syrian Observatory for Human Rights“ која го следи конфликтот, објави дека терористичката организација веќе контролира повеќе од половина територија на Сирија по заземањето на Палмира.
Набљудувачите додаваат дека исламистите за првпат заземат голем град директно од рацете на владините трупи. До неодамна тие владееја со територии претежно во северниот и источниот дел на земјата.
Териториите чувани од "Исламска држава", не се густо населени. Поголемите градови, вклучувајќи главниот град Дамаск, се наоѓа во западниот дел на Сирија во близина на границата со Либан и крајбрежјето, а нивната одбрана е меѓу приоритетите на владината армија.
Палмира, познат и по арапското име Тадмур, е дел од програмата „UNESCO World Heritage“, а борбите околу него предизвикаа стравувања дека исламистите ќе го уништат античкиот град. Во текот на викендот "Исламска држава" настапи во градот, но се сретна со опозиција од армијата.
Античкиот град во Палмира постои 2000 години, лоциран е во југозападниот дел на современиот град и беше вклучен во листата на „UNESCO“ како загрозен во 2013 година од "Исламска држава" која уништува се што е од минатото како и антички споменици во Ирак.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




