17 Декември, 2025
0.0523

„Исламска држава“ започна офанзива во западниот дел на Сирија против силите на Асад

Објавено во: Свет 24 Март, 2015 10:43

Добивај вести на Viber

Бунтовниците од „Исламска држава“ ги нападнале силите на Асад на аеродромот во сириската провинција Хомс, во понеделникот, додека спроведувале офанзива против Западните територии под контрола на нивната сопствена земја, информира „Ројтерс“.

Рациите на радикалната група во провинциите Хомс, Хама и Дамаск претставуваат нов предизвик за сирискиот претседател Башар ал Асад. Најсилните позиции на „Исламска држава“ се во североисточните и источните делови на Сирија.

Армијата, лојална на Асад си ја врати под контролата територијата од Дамаск во градовите Хомс и Хама до западниот брег, поразувајќи и други, помалку вооружени бунтовници од Слободната сириска армија.

Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, „Исламска држава“  нападнала воен аеродром во Тадмур - град во провинцијата Хомс - во понеделникот наутро.

Претставници на режимот во Дамаск не биле достапни за коментар, а државните телевизии не известуваат за судири, забележува „Ројтерс“.

Претседателот на опсерваторијата за човекови права Рами Абдулрахман тврди дека 74 војници во провинцијата Хама биле убиени од страна на „Исламска држава“. Според него радикалната група ги презела и двата напади, за да ги надомести загубите од курдските сили на североистокот.

Офанзивата е последното нешто по тридневните борби што избувнаа во петокот западно од Хама, околу населбата Шеик Хилал, смета невладината организација. „Исламска држава“ се обидувала да го блокира патот од Хама до Алепо - некогаш најнаселен сириски град.

Извор на „Ројтерс“ од сириските власти вели дека „Исламска држава“ убиле околу 70 лица во реонот на Шеик Хикал меѓу кои и „колење на цивили“. Тие забележуваат дека некои од телата биле осакатени.

Сириската државна телевизија изјави дека режимот убил 19 бунтовници од „Исламска држава“ во источната провинција Деир јас Зор, еден од бастионите на радикалната сунитска група.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави