17 Декември, 2025
0.0672

Исламската држава е најмоќна терористичка организација – кој ја финансира?

Објавено во: Свет 14 Септември, 2014 19:52

Добивај вести на Viber

Екстремистите на Исламската држава во почетокот за финансирање се потпираа на богати донатори од Персискиот Залив, но сега заработуваат повеќе од три милиони долари на ден преку ѓверц на нафта, трговија со луѓе, кражби и изнуда, тврдат американски разузнавачки извори. Изворите на приходи на оваа екстремистичка организација, која зазема делови од Ирак и Сирија, ги надминуваат ресурсите на која било друга терористичка организација во историјата. Големите приходи на т.н. Исламска држава се една од причините заради кои американските власти се загрижени заради оваа организација, иако засега нема податоци дека таа планира директни напади врз цели во САД. Исламската држава контролира и до 11 нафтени полиња во Сирија и Ирак, велат аналитичарите,а продава нафта и друга стока преку старата шверцерска мрежа во земјите против чии власти се бори - во курдската област во северен Ирак, Турција и Јордан. Американските власти не мислат дека владите на тие земји се вмешани во шверцот, но бараат од нив да работат повеќе за да се спречат овие активности. Исламската држава продава нафта, која ја превезува со цистерни, по снижени цени - за 25 до 60 долари за барел, додека регуларната цена е над 100 долари. Само на овој начин Исламската држава, според некои проценки, заработува над три милиони долари на ден. Оваа организација исто така заработи стотици милиони долари шверцувајќи антиквитети од Ирак во Турција, како и од продажба на жени и деца како сексуални робови. Приходите на ИСИЛ вклучуваат и кражби во градовите што ги зазема, како и откуп за киднапирани лица. „Во активностите за собирање пари потсеќа на мафијашка организација. Добро се организирани, систематични и тоа го спроведуваат со закани и насилство“, вели американски разузнавач. Пред да го заземе ирачкиот град Мосул во јуни, Исламската држава наметна „такса“ за речиси сите економски активности, заканувајќи им се со смрт на сите што не сакаат да платат. Само во Мосул со овие давачки зема осум милиони долари месечно.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави