17 Декември, 2025
0.0507

Исламската држава заработува најмалку три милиони долари дневно

Објавено во: Свет 15 Септември, 2014 20:32

Добивај вести на Viber

Џихадистите на Исламската држава, кои во почетокот се потпираа на финансиската помош на богатите донатори во Персискиот залив, станаа самоодржлива финансиска индустрија налик на мафијашка организација која дневно заработува повеќе од три милиони долари од шверцување на нафта, трговија со луѓе, кражби и изнуди, наведуваат американските разузнавачки претставници и експерти.

Ресурсите на оваа екстремистичка организација ги надминаа било кои други терористички организации, рекол за АП еден американски разузнавачки претставник кој сакал да остане анонимен.

Големите приходи се една од причините за загриженост на американските претставници, иако не постојат податоци дека оваа група планира напади врз САД.

Исламската држава завзеде големи делови од Сирија и Ирак и контролира 11 нафтени полиња во овие земји. Продаваат нафта и друга роба на старите шверцерски канали во земјите против чии влади се бори - во курдските области на северот од Ирак, во Турција и Јордан, велат аналитичари.

Американските разузнавачи податоци наведуваат дека тие влади не се вмешани во шверцот на нафта, но администрацијата на Обама врши притисок на нив да направат сузбивање на исламистите.

Припадниците на Исламската држава ја продаваат нафтата во цистерни по цена од 25 до 60 долари за барел чија пазарна цена е преку 100 долари. Профитот од нафтата преминува три милиони долари дневно, вели Луај ал-Катеб, експерт од Брукингс институтот во Доха.

Џихадистите исто така заработуваат над стотина милиони долари од шверц на антиквитети од Ирак кои ги продаваат во Турција како и милиони долари од трговија со луѓе, пред се жени и деца кои ги продаваат како сексуални робови.

Исламската држава остварува приход и од изнудување, откуп за киднапирани заложници, како и кражби од градовите кои ги завземала, велат аналитичарите.

„Нивните финансиски активности потсетуваат на активностите на една мафијашка организација. Добро се организирани, систематски и ги спроведуваат своите намери по пат на застрашување и насилство“, вели еден друг разузнавачки службеник.

 

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави