17 Декември, 2025
0.0456

ИСТЕЧЕ УЛТИМАТУМОТ: Русите ги затворија вентилите!

Објавено во: Свет 16 Јуни, 2014 11:06

Добивај вести на Viber

Утрово истече крајниот рок до кој Русија очекуваше од Украина исплата за преземените количества природен гас. Заради неплатен долг од неколку милијарди евра, во 10 часот по московско време, руски „Гаспром“ за украински „Нафтогас“ воведе авансно плаќање за гасот. Тоа практично значи дека во иднина Русија нема да испорачува гас за Украина, доколку тој не биде претходно платен. Истовремено, „Гаспром“ пред Столкхолмскиот суд го тужи „Нафтогас“ за неплатен долг од 4,5 милијарди долари. „Одлуката е донесена заради хроничното неподмирување на обврските за испорачан гас од страна на „Нафтогас“-Украина. Компанијата должи 1,451 милијарди долари за ноември и декември минатата година, како и 3,007 милијарди долари за април и мај годинава“,с е наведува во соопштението на рускиот гигант. Во меѓувреме, гасот за европските потрошувачи се испорачува во полн обем, вели официјалниот претставник на „Гаспром“ Сергеј Купријанов. Сепак, спорот меѓу Киев и Москва создава неизвесност за испораките на природен гас кон Европа, кои во најголем дел одат преку Украина.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави