22 Ноември, 2024
0.0316

Историска одлука на Владата - жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Владата денеска на седница донесе историска одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност.Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.

За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја има оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и ги исполнува следните услови:

- Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство,

- Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.

- Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.

На денешната седница беа усвоени уште неколку програми од кои со посебно значење за секторот земјоделство е Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година. Целта на програмата е подобрување на производни капацитети и квалитет на производство, за производителите на храна од примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, со неповратни авансно исплатени финансиски средства за инвестиции во опрема и ангажирање на стручно лице. Со програмата ќе се поддржат домашните производителите на храна преку проширување на постоечките капацитети, подобрување на технолошките процеси, подобрување на квалитетот на производите и развој на нови производи како и зголемена економска активност, која ќе продуцира поголеми приходи и можности за развој и нови инвестиции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет