Италија го продава најстрашниот остров на светот!
Објавено во: Мои пари 18 Април, 2014 08:45
Како што зборува легендата, лекарот го прогонувале духови, поради што полудел и се фрлил од кулата на врвот од болницата.
Денес острово е ненаселен, но на посетителите не им е дозволен пристап рушевини од болницата, цркви и крематориумот се уште постојат. Истражувачите на паранормални активности тврдат дека на овој остров има изразено висока активност.
Најпозната жртва на чумата била Марија, која за време на епидемијата била одвоена од своите родители, а нејзиниот дух наводно и ден денес стои на брегот на островот и плаче по родниот град Маламоко на другиот крај од лагуната.
Се проценува дека во 16 век околу 100.000 жители на Венеција умреле на Повеља. Сите жители со симтоми на чума биле испраќани на островот каде биле закопувани и спалувани. Велат дека тлото на островот е мешавина од човечка пепел и коски. Жителите на Венеција имаат силно суеверие во однос на злобниот остров и на него гледаат како на чистилште за зли духови. Велат дека кога злобен човек ќе загине, се буди на Повеља.
Островот за првпат е пронајден во 421-та година по нашата ера, кога луѓето од Падуа и Есте оделе таму за да се сокријат од нападите на варварите. Во 9-от век, островот станува значително населен, но сепак домородците не биле оние кои го направиле познат по паранормалните и мрачни активности.
Овој остров бил важно стратешко место за Италијанците. Во 1379-та, во војната помеѓу Серенисима и Џеноа, најмногу придобивки потекнале токму од овој остров, па затоа владата решила островјаните да ги пресели на друг остров, а Повеља да го претвори во тврдина, наречена Октагон. Оттука почнува страшната и мрачна историја на овој остров. Според една легенда, вештерка која носела потекло од првите населеници на островот, од 5-от век, го проколнала островот, посакувајќи тој никогаш повеќе да не биде населен.
Во 16-от век, калуѓерите од Камалдоли не сакале да се вселат во тврдината, и во наредните 100 години островот останал ненаселен. Државата потоа им понудила на потомците на домородците да се вратат на островот и повторно да изградат свои домови, но тие одбиле, можеби поради клетвата која била фрлена врз оние кои повторно ќе се населеле на проколнатиот остров.
Повеља е попознат и како „забранетиот остров“.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




