15 Јануари, 2025
0.1040

Италијанско искуство за развој на македонскиот туризм

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Запознавање на бизнисмените од Италија со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите за водење бизнис, како и пренесувањето на нивните искуства на македонските колеги беше целта на денешниот бизнис форум, организиран од Стопанската комора на Македонија во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Република Италија.

На форумот, што се одржа во рамките на Проектот RI.QUA. што го финансира италијанското Министерство за економски развој, учествуваа 12 италијански компании од областа на угостителството, производството на мебел, внатрешно уредување и опрема за професионални кујни и претставници на 35 македонски фирми.

- Целта на RI.QUA. Проектот е усогласување на техничките стандарди во угостителството и туризмот во безбедноста на храна и подготвката на здрава храна во хотелиреството, рестораните и кетерингот. Покрај во Македонија овој проект се релаизира и во Албанија и Црна Гора, рече Јелисавета Георгиева, извршениот директор на Стопанската комора на Македонија.

Италијанскиот амбасадор во Македонија Фабио Кристијани посочи дека помеѓу Македонија и Италија има огромни потенцијали за зголемување на стопанската соработка.

- Италија е на петто место по обемот на вкупната стопанска размена што ја има Македонија со светот. Ние воопшто не сме задоволни со тоа и сметам дека многу наскоро ќе бидеме погоре од петото место, бидејќи индустриите на Македонија и на Италија имаат многу што да споделат, рече Кристијани.

Претставникот на Стопанската комора на регионот Венето, Фабрицио Алвиси рече дека во Венето има околу 450 илјади фирми кои не се заинтересирани само за продажба, туку би сакале да пронајдат и свои партнери во странство.

- Ние сме водечкиот регион во Италија во секторот туризам со 63 илјади туроператори. Се надевам дека нашето искуство може да се искорити и во Македонија преку заеднички проекти. Покрај тоа, постои и можност за соработка во областа на автомобиската индустрија, земјоделско-прехранбениот сектор и енергетиката, рече Алвиси.

Во првите 11 месеци од 2012 година вкупната резмена меѓу Македонија и Италија иснесувала 650 милиони американски долари и има зголемување во просек од 4 отсто на извозот и увозот. Од нив 140 милиони се извоз, а 510 милиони се увоз од Италија. Најмногу се извезува фероникел, текстил, овчо сирење и прехранбени производи, а се увезуваат обувки, текстилни производи и феросилициум.

Во 2011 година вкупната надворешно трговска размена меѓу двете земји бележи раст од 25 отсто во однос на 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања