ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата
Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2022 09:36
Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата.
Новата ИутеКредит Mastercard картичка е целосен новитет на македонскиот пазар, бидејќи е направена од специјален биоразградлив материјал наречен PLА (polylactic acid). PLA материјалот се добива со преработка на пченкарен скроб во PLA смола, од која подоцна се прават различни производи меѓу кои и платежни картички. PLA картичките се изработуваат од пченка која се одгледува во Небраска (САД), која е различна од пченката за исхрана така што изворите на храна не се загрозени. Само 0.02% од глобалната површина за земјоделство се користи за производство на биопластика.
Од друга страна, обичната пластика е огромен загадувач и потребни се повеќе од 400 години за да се разгради, а до сега се произведени 8 билиони тони пластика. Затоа, користењето на овој тешко разградлив материјал треба да се запре уште во самото производство на нештата.
IuteCredit е партнер на финансискиот гигант Mastercard веќе четири години и е единствено финансиско друштво во Македонија и регионот кое има лиценца да ја издава картичката. Секој што ќе аплицира за кредит може да стане и сопственик на Mastercard и да има средства достапни 24/7. IuteCredit Mastercard може да се користи како и секоја друга платежна картичка на банкомати во земјата и странство, во продажни објекти и за онлајн купување. Корисниците на IuteCredit Mastercard користат бројни бенефити и имаат можност да бидат дел од наградни игри со уникатни и атрактивни награди.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




