Иван Јорданов: Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 19:47
Актуелниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи објави дека добива уште еден мандат и се заблагодари на граѓаните.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, пишува тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека имаат одличен резултат на овие избори.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




