ИВАНОВ СЕ СРЕТНА СО ОБАМА: Од САД порача за брзо интегрирање на земјава во ЕУ!
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов беше дел од 71. Генерално Собрание на ОН.
Иванов таму остварил и краток неформален разговор со американскиот претседател Барак Обама кој ја потврдил поддршката на САД за стратешките цели на Македонија.
Освен со Обама, шефот на државата се сретнал на билатерални средби и со претседателите на Европскиот Совет, на Полска, на Египет, јорданскиот крал и норвешкиот премиер.
На средбата со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск Иванов ја посочил потребата на Македонија и целиот регион на Југоисточна Европа од забрзана интеграција во Европската унија. Претседателот смета дека тоа е најдобриот начин за целосно консолидирање на регионот.