Иванов во последен момент сепак отиде во Ново Село
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2018 15:11
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, го пречека неговиот пандан од Бугарија, Румен Радев, во Ново Село, иако одредени медиуми блиски до опозицијата до последен момент тврдеа дека тој нема да го пречека својот колега на местото каде што на Денот на бугарската армија се слават паднатите бугарски херои во ова македонско место.
Комеморативна церемонија во Ново Село е во организација на Фондацијата „Бугарска памет“ и го одбележува Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија, а медиуми до денеска тврдеа дека Иванов одбил да учествува на истиот и избрал средба со Радев на друга локација, со образложение дека не станува збор за државна церемонија.
Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран, каде попладнево се одржува работна средба меѓу двајцата државници.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




