ИВАНОВСКА ЈА ОДБИ ПОНУДАТА НА ОЈО: Утре ќе оди на распит
Објавено во: Македонија 18 Август, 2025 14:11
Кандидатката за градоначалничка на општина Центар, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да се појави на распит по завршувањето на локалните избори, туку ќе даде изјава уште утре, објави „Независен“.
Ивановска ќе се појави во обвинителството утре напладне за да даде изјава во врска со кривична пријава за која не знае ниту од кого е поднесена, ниту за што се однесува. Обвинителството, пак, не е сигурно дали пријавата има основа.
Таа доби покана за распит 11 часа по објавувањето на нејзината кандидатура, која ѝ беше доставена на домашна адреса преку полициски службеници. Според Обвинителството, кривичната пријава за која преземаат дејства е поднесена на 18 февруари годинава. По реакциите од јавноста, Ивановска доби можност да се јави по изборите, понуда што таа ја одби.
„Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани, ниски удари или притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар, а нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, порача Ивановска.
Билјана Ивановска е поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција и ревизор на ИПА фондови.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




