Ивановска: Не сакам да верувам во политички притисок
Објавено во: Македонија 19 Август, 2025 15:55
Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска денеска беше на распит во Обвинителството, по што кажа дека не сака да верува во политички притисок, и дека предизборието е тест за демократијата.
Пријавата, како што изјави по излегувањето од Обвинителството, е поврзана со предмет што бил отворен во времето кога таа ја предводеше Антикорупциската комисија. Подносителот ја обвинува Ивановска за несовесно работење, односно за начинот на кој предметот бил презентиран пред јавноста.
„Во конкретниот случај беше оформен предмет по сопствена иницијатива од член на комисијата, предметот се обработуваше и заврши без никакви сомнежи. Спорно за пријавувачот било тоа како комунициравме со јавноста. Вие знаете дека како ДКСК бевме премногу транспарентни, можеби и повеќе од очекуваното, но тоа е прашање на пристап“, изјави Ивановска.
Таа не го откри името на подносителот, ниту пак конкретниот предмет за кој се поднесува пријавата, нагласувајќи дека тоа ќе биде познато кога Обвинителството ќе ја донесе својата одлука.
„Ми беше посочено да не споделувам повеќе детали за да не се попречи постапката. Кога ќе ми биде доставена одлуката, ќе ја споделам со јавноста“, додаде таа.
Инаку, откако објави дека ќе се кандидира како независна за градоначалничка на Центар, потоа доби покана да се јави во Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




