ИЗБОРИТЕ РАСПИШАНИ, ТЕНДЕРИТЕ СЕ МНОЖАТ: Не стопираат постапките иако Македонија е во предизборие
Објавено во: Македонија 19 Август, 2025 08:10
Реконструкции и доградби на улици, проектна документација за улици и патишта, дури и тартан подлога – Ова се тендерите кои се распишани за само еден ден, а ќе траат до септември, месецот кога официјално ќе започне кампањата за локалните избори кои веќе се распишани.
Доминираат тендерите на Општина Тетово: Проект за инфраструктура на локалните патишта ул. К. Ј. Питу, реконструкција на улица Ленин, крак Благоја Тоска, Тетово 2, реконструкција на Ул. М.П. Дерала, реконструкција на улица Киро Ристоски - ДРНЦ дел II, улица 176, ул.107, ТЕТОВО 2, како и реконструкција на Ул. 4.
Општина Пробиштип распиша тендер за реконструкција на локален пат од село Долни Стубол до Горни Стубол, но и за доградба на улици во населба Калниште изградба на улица„3“ во населба Калниште, Пробиштип.
Општина Велес пак, на тендер бара изработка и ревизија на проектна документација за улици и патишта (наведени во техничка спецификација). Општина Босилево пак, бара фирма за реконструкција на улица на КП бр.4295 КО Моноспитово, а Општина Штип за набавка, транспорт и вградување на еластична - тартан подлога за во нас. Македонка, но оваа постапка е повторена.
И Општина Македонска Каменица ќе реконструира пат – распиша тендер за реконструкција на локален пат во с. Костин Дол во о. Македонска Каменица во должина од 530 метри. Општина Босилево ќе прави реконструкција на улица во с.Секирник на КП бр.3332/1, додека Општина Бутел, бара фирма за реконструкција на паркинг простор на улица Костурска број 2,4,6 и 8.
Сите овие тендери беа распишани вчера. Државната комисија за спречување корпцуија претходно ги потсети сите дека по распишување на изборите, важат други правила, меѓу кои и забраната за започнување нови инвестиции во инфраструктурни и објекти за општествени дејности, со исклучок ако средствата се предвидени во буџетот и програмата за тековната година. Посебните правила се пропишани со Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




