ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА НЕ СЕ МЕНУВААТ НА МУСКУЛИ - партијата на Павле Трајанов бара да се повлечат измените на Изборниот законик

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2021 11:53
Демократскиот сојуз на седницата на собраниската Комисија за политички систем ќе предложи суштински амандмани на предлог измените на Изборниот законик, но сепак, сметаме дека поради монополот што го имаат предлагачите на законот, во парламентот нема услови за коригирање на текстот, поради што бараме да се повлечат измените на Изборниот законик, велат од партијата.
Демократскиот сојуз предлага процентот на потребни потписи од вкупниот број на запишани гласачи како услов за кандидирање независни листи на советници и градоначалници да биде 0,3 отсто, потоа целосно бришење на одредбите за отворени листи и прагот од 3 отсто за пласман во горниот дел на листата, платениот рекламен простор да се дели подеднакво на сите партии, а да се предвиди и време за независни листи и кандидати. Да не се лимитира пристапот до социјалните мрежи и интернет порталите, и целосно да се исфрлат ограничувањата за платено политичко рекламирање.
„Поради сето тоа, Демократскиот сојуз смета дека нема услови за менување на зборните правила непосредно пред изборите, се крши воспоставената пракса и ставот на ОБСЕ/ОДИХР, изборните правила да не се менуваат 6 месеци пред одржување на изборите, не е обезбедена експертска и поширока јавна расправа, пленарната седница во Собранието е закажана 7 минути пред нејзиното одржување, комисиската расправа за поднесување амандмани е закажана за 15 до 30 минути, со што се спречи пратениците да можат да го разгледаат, а уште помалку да ги проучат предложените измени на законскиот текст, не се дозволи дополнително време за поднесување амандмани“, велат од партијата на Павле Трајанов.
Според партијата, изборните правила не се менуваат на „мускули“, со кршење на деловничките правила и преку ноќ. ДС ги повикува сите политички партии да го поддржат овој став, а предлагачите да го повлечат законот од натамошна постапка. Партијата предлага по завршувањето на локалните избори да се донесе целосно нов закон, Македонија да биде една изборна единица, и сите сугестии на партиите, невладиниот сектор, експертите, ОБСЕ/ОДИХР, да се вградат во новиот текст.
Можеби ќе ве интересира
ЗАТОПЛУВАЊЕ НЕМА НА ПОВИДОК: Еве ја неделната временска прогноза

Нападнат кошаркар во Куманово, сакале да му го соблечат дресот

Приведен жител на Пласница, прскал полицајци со спреј

СВР Охрид: Му ги грабнал сопругата, ќерката и бабата и му барал пари за да ги пушти

ДУИ повторно реагира: Осум нови вработени, ниту еден Албанец

Кривични пријави за менаџер и газда на дискотека, пуштале музика по трагедијата во Кочани

Пратеник во македонското Собрание си поднесе оставка

Охриѓани ќе треба да ги сокријат климатизерите да не се гледаат
