Избран е генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2018 13:00
На ден 02.05.2018 година во дневниот весник НОВА МАКЕДОНИЈА беше објавен конкурс за избор на генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, информираат од претпријатијето.
„По завршувањето на законскиот рок за поднесуваување на апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието ве известуваме дека градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов на 18.05.2018 година за генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје го назначи г-дин Душко Весковски. Претходно г-динот Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за В.Д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје“ - велат од ЈП Водовод и канализација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




