17 Декември, 2025
0.0619

Избришана од карта велешката Топилница, местото ќе се претвори во парк

Објавено во: Економија 13 Септември, 2013 18:28

Добивај вести на Viber

Со промена на Генералниот Урбанистички план на Велес, Топилницата која со гдовини ги труеше жителите е избришана од картата. Како што најави велешкиот градоначалник,  Славчо Чадиев на местото каде што сега стојат остатоците од топилницата  ќе бидат засадени дрвја и местото ќе се претвори во зелен појас на површината од 45 хектари. Велешани иницијативата ја дадоа пред две години, по што се чекаше Министерството за транспорт и врски да дозволи промена на ГУП-от, по што сега треба да го усвои и Советот на општината. Покрај зелениот појас, информира Чадиев, на останатиот дел од локацијата е зацртано да се изгради сообраќајна и комунална инфраструктура. „Бришејќи ја Топилницата од целокупната планска документација се стави крај на децениската борба на велешани за здрава животна средина“, изјави градоначалник кој додаде дека општината е во контакт со министерствата за животна средина и за економија, со чија помош треба и згурата да се тргне од градот за конечно да се затвори проблемот со загадувањето. Во депонијата создавана 3 децении има 900 илјади тони оловна, цинкова и кадмиумова згура е исто опасна колку и фабриката, предупредуваат експертите. „Ова историско загадување преставува исто така потенцијален ризик по здравјето на велешани, но јас се надевам дека Државата ќе најде сили конечно да се започне со решавањето на проблемот со огромниот црн рид на Топилницата“, рече Ненад Коциќ, од Вила Зора. Како што јави порталот Лисица, од компанијата Метрудхем која е сопственик на постројките на комбинатот, денеска неуспеале  да добијат став во однос на одлуката на министерството. Чекале написмено да  добијат  документ  па потоа во јавноста  ќе излезеле со свое соопштение, пишува Лисица.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди