Избришани три градежни маркици во Реонски Центар во општина Аеродром
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022
Избришани се уште три градежни маркици во Реонски Центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2, соопштија од општина Аеродром.
„На предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на сите аеродромци.
Политиките кои ги презема градоначалникот Муцунски со поддршка на Советот имаат за цел да ја спречат бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација“, се вели во соопштението од општина Аеродром.
Овие чекори, како што велат од општината, ќе продолжат и понатаму, со цел да се придонесе за што повеќе зелени површини во нашата општина.