15 Декември, 2025
0.0872

ИЗДАВААТ СОБИ И АПАРТМАНИ: Колку често реновираат за да понудат подобри услови за гостите?

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2025 07:51

Добивај вести на Viber

Луѓето кои сместуваат гости во туристичките центри, велат дека ако сакаат да ги задржат посетителите, мораат да бидат конкурентни и постојано да работат со цел да имаат подобри услови. Објаснуваат дека реновираат според финансиските можности, но и по потреба. Но, се согласуваат дека на неколку години, реновирање е неопходно, затоа што за разлика од порано, сега конкуренцијата е поголема и мораат да инвестираат.

„Зависи кој како е способен финансиски, некој може 10 и повеќе години да го користи истиот мебел. Ние кажуваме што нудиме, ако им одговара добро, ако не си бараат подобро сместување според нивниот вкус“, вели Сузана од Охрид, која издава соби.

Редовно варосување, промена на мебелот и апаратите за домаќинство се работи на кои внимаваат.

„Оние кои сакаат да ги задржат гостите, мораат да реновираат. Туристите сега бараат подобри услови за разлика од порано. Има поголем избор  сега, многу апартмани има во градот.  Мораме да инвестираме, а тоа значи да се смени фрижидер, телевизори, дел од мебелот. Зависно од потребите реновираме. Ако сместувањето е на приземје, почесто реновираме таму, за разлика од собите на катот горе, затоа што се случува долу да има влага. На туристите им е многу важно да е чисто. Ако се работи за постара куќа, газдите ќе реновираат и на две-три години, а ако е понова, на пет-шест години, да се заменат креветите и слично. Тие што имаат повеќе гости, повеќе се трудат да понудат добри услови. Има луѓе што во 10 години, двапати реновираат и купуваат нови, поголеми телевизори“, раскажува Роза од Охрид, кој издава соби и апартмани.

Во туристичките градови стотици луѓе нудат сместување за туристите. Колку е просторот поуреден толку и цената за ноќевање е повисока.

„Нормално дека е битно реновирањето. Обично ни доаѓаат истите гости, друго е кога ќе видат дека нешто е сменето и дека се трудиме да биде поубаво. Со време инвентарот се оштетува и потребна е замена. Заменуваме кревети, апарати за домаќинство, мора да биде варосано, да се освежи просторијата на некој начин, но и зависи до апартманот во која категорија спаѓа. Нема правило, по потреба се реновира. Ако се расипе нешто, мора во моментот да се смени и тоа не може да чека до идната година. Секоја година мора да се вароса. Ако видам дека душекот се оштетил, мора да се смени“, вели Лила од Струга, која издава апартмани.

Инаку, Државниот завод за статистика(ДЗС) има објавено податоци за сместувачките капацитет во земјава, колку се на број, за таков тип станува збор, во кој период се градени и слично, но од година  во година состојбата се менува. Анкетата направена  со странски туристи која ја објави ДЗС пред неколку години, покажува дека тие за хотелите дале оценка 4.53, за апартманите 4.76, а за преноќиштата 4.47, додека за некатегоризираните објекти оценката е 4.90.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење