ИЗДАВАЊЕ КУЌИ ВО СЕЛО: Дали ова функционира во Македонија?

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2024 07:55
Луѓето кои издаваат куќи во скопските села велат дека немаат проблем да најдат кираџии. Тие генерално се задоволни. Објаснуваат дека од издавањето на своите куќи можат да заработат. Кираџиите се различни категории граѓани, од градежни работници од помалите места, студенти, до луѓе кои се од главниот град, но поради проширување на семејството и немање доволно простор морале да заминат под кирија.
„Функционира издавањето куќа под кирија во село. Се сместуваат семејни луѓе и мајстори кои работат во Скопје. Тие се од Источна Македонија. Можеби дека е поевтино, а знаеме дека градот е презаситен со луѓе. Поевтина е киријата за разлика од градот. Две години како ја издавам куќата, има луѓе, не можам да се пожалам. Кираџиите се помлади лица, ги има и на возраст од 40 до 50 години“, вели скопјанка која издава куќа во село во Општина Илинден.
Се издаваат куќи со различна квадратура во повеќе делови на Скопје.
„Има луѓе кои се сместуваат под кирија. Сопиште е атрактивно како локација. Има и многу луѓе што издаваат имоти. Тој бизнис си функционира. Ние сме блиску до градот. Се издаваат цели куќи, се сместуваат дипломати и други луѓе. Обично е тоа на подолг период, 6 месеци или на година. Сопиште последниве 10-15 години е променето на подобро и има добри услови за живот. Јас имам издавано куќа и знам како стојат работите“, вели жител на Сопиште.
Има и случаеви кога луѓето од подалечните села се сместуваат во села со подобри услови кои се поблиску до градовите.
И во охридско има убави села, но бидејќи се работи за туристички крај, ретко се издаваат куќи за подолг престој.
„Имав случај, човек се смести во Велестово, потоа ја купи куќата. Ретко се случува некој да се смести во Дебрца. Ние сме туристички град, значи луѓето сакаат да сместат некого за една вечер, не практикуваат на подолг период. Долно Коњско е интересно, Велестово исто, но тоа е во делот на туризам. Охрид е специфичен крај“, вели Александар Трајкоски, од агенцијата Енхелеја од Охрид.
Многу граѓани ги издаваат и своите викендици и тие се полни за празници, Нова година, 1 Мај, 2 Август. Викендици се издаваат на Попова Шапка, во Маврово, Берово и други делови од земјава.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/bearfotos
Можеби ќе ве интересира
„СЛУШНАВ ИСТРЕЛ, ПУКАЊЕ, АМА НЕКАКО ТАПО“: Кешишев со детали за убиството на Вања - дека е малолетничка дознал откако се завршило

Невладини здруженија ги поздравија законските измени против родовата идеологија

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОАЛИЦИЈАТА Е СТАБИЛНА, ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ: И Милошоски и Филков имаа лош ден, секој има право на тоа, лошиот ден помина
ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - тројца членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против
Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале

„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“
„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Водостојот на реките уште ќе расте, внимателно движење покрај реките и суводолиците
