15 Јануари, 2025
0.0306

Изгласан Закон кој треба да помогне фирмите полесно да ги вратат заостанатите долгови

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Собраниетo денеска во продолжението на 55. седница го донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Како што посочи заменик-министер за  финансии Ардијан Џеладини предложениот закон ќе овозможи целосно отпишување на каматите за придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале до 2009 година, ако уплатата на основниот долг се изврши за шест месеци. Со истиот предлог на закон се овозможува и отпишување на камати по основ на долг за сите видови придонеси од социјално осигурување во периодот од 2009 до 2012 година. Според Џеладини, законот дава предвидува можност за стопроцентно отпишување на каматата ако главниот долг се плати во рок од шест месеци од поднесување на барањето, седумдесет и пет проценти отпис од каматата доколку долгот се врати за  12 месеци или пак 50% од каматата да бидат отпишани ако долгот се исплати за 12 до 18 месеци. Целта на оваа мерка на Владата е да им се излезе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување. Се проценува дека вредноста на каматите кај долгот по основ на пензиско осигурување изнесува 40 проценти од долгот. Од друга страна пратеникот Изет Зеќири, од НДП  законот го нарече нова популистичка мерка на Владата. Како позитивно тој ја оцени можноста, фирмите да ги отплатат долговите, но од друга страна, вели Зеќири, мерката нема да влијае врз исплатата на долгот. Бизнис секторот, на чело со  извршниот директор на Сојузот на стопански комори,  Митко Алексов, позитивно ја оцени мерката за која смета дека ќе придонесе компаниите полесно и редовно да ги подмируваат обврските.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања