ИЗМАМА: Кавадарчанец платил за работа во Германија која никогаш не ја добил
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 12:59
Кавадарчанец бил измамен за работа.
Имено, тој платил околу 300 евра за да му обезбедат работа во Германија, а работа не добил. Оваа информација за МИА ја потврди Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.
Кавадарчанецот оваа измама ја пријавил до надлежните органи.
– На 14.05.2018 година во Полициска станица Кавадарци, Ф.Н.(54) од Кавадарци пријавил дека бил измамен од лице од Неготино. Пријавителот по даден оглас за вработување на интернет, стапил во контакт со измамникот кој се преставил дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство. Со тоа го довел во заблуда Ф.Н. кој во неколку наврати на жиро сметка му исплатил 18,530 денари. При уплакање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје, од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник, појаснува Каракулев.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




