ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2024
-Нападите на
Либан траат веќе неколку дена, а бројот на убиените лидери на Хезболах само се
зголемува. Како и бројот на загинати цивили... Под постојана готовност е и
Израел, кој од повеќе страни е бомбардиран со ракети. И се верува дека ќе биде
многу полошо доколку дојде до напад што се очекува - врз Иран, информира репортерот
на N1 Бранислав Шовљански кој известува од Тел Авив пренесе
„Израелците со кои разговаравме велат дека се исплашени за прв пат. Она што го доживеаја во вторникот, кога Иран истрела балистички ракети, не го доживеале во животот. Сè се тресеше. Исто така, американските разузнавачи тврдат дека може да има нов напад на 7 октомври. Безбедноста е на повисоко ниво, хеликоптери се над градот, но во моментов е мирно. Поопасно е на север, ИД нареди евакуација на 30 села. На двете страни има мртви“, рече репортерот на N1 и продолжи:
„Она што го слушнавме, е дека денеска беше убиен и наследникот на Насрала. Со последниот напад се елиминирани 15 лидери на Хезболах. Сите погледи се насочени кон северот и потенцијалното проширување на конфликтот, што може да достигне драматични размери. Она што се зборува е дека нуклеарните капацитети нема да бидат цел на напад бидејќи во спротивно би имало катастрофални последици“.
фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.