Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма
Објавено во: Свет 24 Март, 2015 20:06
Израел ги шпионирал преговорите зад затворените врати на светските сили со Иран во врска со нуклеарната програма на земјата, објавија американските весници, повикувајќи се на претставници од Белата куќа.
Според информациите, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху исто така собирала информации од доверливи брифинзи на САД, информатори и дипломатски контакти во Европа.
Американскиот печат соопштува дека администрацијата на Обама е помалку загрижена од фактот дека Израел ги шпионирал преговорите, но се засегнати од тоа дека Израел ги предал овие доверливи информации на американските законодавци и други, за да се изгради фронт против договорениот договор.
„Едно е САД и Израел да се шпионираат меѓусебно. Сосема друго нешто е Израел да ги украде тајните на САД и да ги обелодени на законодавците во САД, за да ја поткопа американската дипломатија“, коментира висок американски претставник.
Тензиите помеѓу Нетанјаху и Обама се зголемија значително околу последната изјава на премиерот пред Конгресот на САД минатиот месец, во која тој го критикувал договарањето на договор.
Нетанјаху беше поканет од претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бајнер, покана, која не била договорена со Белата куќа.
Поканата на Бајнер предизвика ужас во Израел и во САД, а неговите противници коментираат дека непријателот кон Иран и Нетанјаху работи со републиканците за да покаже несогласување со политиката на претседателот Барак Обама за Иран.
Шпионската активност на Израел е откриена кога американските разузнавачки агенции, го шпионирале Израел, препраќањето на пораки меѓу израелски претставници кои содржат информации за кои Американците сметаат дека може да се добиени само од пристап до доверливи разговори.
Израел, пак, негира дека ја шпионирал директно американската делегација, и тврди дека информацијата била добиена преку други средства, имено - следењето на иранските лидери и добиените информации директно од европски служби, особено од Франција.
Во информациите од минатиот месец во американските медиуми се вели дека, според израелски претставници, САД ограничиле се што споделуваат со нив за преговорите, а европските службеници биле предупредени од Вашингтон да бидат внимателни со она што го споделуваат со страв, стравувајќи дека информациите истекуваат селективно.
По информациите во медиумите, Белата куќа го осуди Израел за „континуираната практиката на селекција на специфични делови од информациите и нивната употреба надвор од контекст со цел да биде нарушена позицијата во преговорите со САД“.
„Нема сомневање дека некои од работите кои Израелците ги изјавија како карактеризација на нашата позиција во преговорите, не се коректни“, коментира портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




